|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Мајка која се излечи од леукемија и доби син!

Редакција Рингераја, 3.2.2012
Чуда НАВИСТИНА се случуваат. Жив доказ за тоа е 21-годишната Madeleine Telfer од Шкотска. Дури два пати ја добила битката со леукемија, но докторите и кажале дека ќе остане неплодна. Но, таа забремени, роди син и го слави секој ден од неговиот живот!

image
/11


 

 

“Отсекогаш,  најмногу од се друго, сакав да имам семејство. Тоа беше она за кое сонував уште од малечка”- изјави таа за весникот Scottish Daily Record reports.


Во Август 2008 година, Телфер почнала да се чувствува лошо. Нејзините родители ја однеле на лекар, каде било установено дека таа има рак-Hodgkin’s lymphoma.


Почнувајќи од jануари 2009 година, таа почнала да прима хемотерапија на две недели, цели 6 месеци. Процесот бил премногу  болен, изјави таа, но во месец август истата година, таа била излечена и подготвена нормално да продолжи со својот живот.


Кога болеста се вратила следната година, таа била принудена на премногу јака хемотерапија, која траела напорни 90 часа во изолација на три пати. По сето тоа не знаела дали ќе биде здрава, но се чувствувала подобро. Почнала да излегува со пријателите на пијалок и една вечер го запознала нејзиниот партнер Стефан. Во мај 2010 година, среќната двојка била израдувана од докторите на Телфер дека болеста ја нема, но нивните соништа биле урнати  со веста дека е неплодна.


American Cancer Society вели дека тешко е да се предвиди дали жената ќе биде во можност да има деца по хемотерапијата. На тоа најмногу влијаат лековите кои се примаат. Статистички околу 50 % од жените, за жал, остануваат неплодни.


Докторите на Телфер и соопштиле дека нема да може да има деца во иднина. Таа вели: “Секако, губењето на плодноста е мала цена, за да ми го спасат животот, но навистина бев премногу разочарана.”


Но ете, по две години, таа дознава дека е бремена и го носи на свет синчето Харис на 27-ми ноември, 2011 година.


“Животот е фантастичен. Никогаш не сум била посреќна. Тој е право волшепство, чудо.” – вели Телфер.
Среќната двојка планира и второ дете.

 

Ова нека биде поттик за сите кои се борите со некаква болест и кои се соочувате со неплодност! Чудата се случуваат!

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како функционира ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (IVF - in vitro fertilization) е асистирана репродуктивна техника при која оплодувањето на јајце к...
35
Интраутерина инсеминација
Интраутерината инсеминација е постапка при која спермата се промива, концентрира и директно се вбризгува во матката на ж...
7
Азооспермија
Азооспермијата е една од најтешките облици на неплодност кај мажите. Тоа е состојба во која отсуствуваат сперматозоиди в...
5
Вагинален дисбаланс
Вагиналното здравје е чувствителна тема за многу жени, но од суштинско значење е да се разбере колку голема улога има pH...
4




Анкета

Dali?
Jana9

Dali novive makedonski narodni prikazni vi se interesni?

Da (0%)

Ne (33%)

Ponekogas (67%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!