Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Ин-витро фертилизација или вештачко оплодување е процес на спојување (фертилизација) на јајце клетката со сперматозоидот надвор од телото на жената во лабораториски (ин витро) услови. Ин-витро техниката обично се применува кај парови, кај кои другите методи на потпомогнато оплодување немале успех.
Историски, „таткото“ на првото бебе од епрувета е физиологот Роберт Ердвардс кој за прв пат ја спровел постапката во 1978 година. Неговата генијалност е крунисана со Нобелова награда за медицина во 2010 година кога во светот со ин-витро фертилизација веќе беа родени 4 милиони бебиња. Во западниот свет 1-2% од новородените се родени по пат на вонтелесно оплодување и примената на оваа процедура е во постојан пораст.
Процесот на ин-витро фертилизација се состои од неколку фази. Најпрво со хормонални лекови се стимулира растење на повеќе фоликули во јајниците на жената. Потоа, со ултразвук и тенка игла се врши боцкање на фоликулите и извлекување на јајце-клетките од нив. Овие јајце-клетки се чуваат во посебни услови и средини кои им обезбедуваат опстанок надвор од телото на жената. Потоа се издвојуваат машките полови клетки и со микроскопска техника се внесува по еден сперматозоид во секоја јајце-клетка. Откако оплодените јајце-клетки ќе го започнат својот развој во лабораториски услови, некои од нив се вбризгуваат во матката, каде се очекува да се вгнездат и да настане бременост.
Успешноста на ин-витро постапката зависи од клиниката во која се прави, но и од возраста на жената. Генерално земено успешноста кај жени до 35 год. е 30-35% во еден циклус, кај жени од 35-37 години е околу 25%, кај жени од 38-40 години е 15-20% и кај жени над 40 години успешноста во еден циклус се движи од 6-10%. Сепак ова е статистика и не значи дека кај помладите жени мора да успее уште првата постапка, а кај постарите дека нема да биде успешно.
Процесот на ин-витро фертилизација и искуствата на паровите кои сакаат да добијат принова можете да го следите преку најновата документарна серија на TLC каналот со наслов “Ќе добијам ли бебе со ин витро?“. Во овој серијал се пренесува создавање на потомство со помош на ин-витро фертилизација. Ќе можете да ги запознаете паровите кои се решиле за оваа постапка, нивните мотиви како и емоционалните приказни за време на долгиот и напорен процес низ кој мора да го поминат на патот до најголемата среќа.
Ќе добијам ли бебе со ин витро? – единствено на TLC каналот на 20 февруари 2015 година со почеток во 20 часот.
44
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Да бидете сакани такви какви што сте
Има нешто што сите длабоко го посакуваме, а тоа е да бидеме сакани точ...
Користење тестови за утврдување овулација
Сe повеќе жени се одлучуваат да користат тестови за утврдување на овул...
Дали технологијата нe зближува или нe оддалечува?
Дали технологијата навистина нe зближува, или пак полека нe оддалечува...
Големината на плодот во третата недела од бременостa
Моментот кога животот започнува да се развива иако невидливо за очите,...
Список за нарачки, што ви треба во бременоста?
Кога ќе дознаете дека сте бремени, првите работи што ќе ви паднат на у...