|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Фолната киселина штити од аутизам?

Редакција Рингераја, 2.6.2014
Жените кои пред бременоста, или за време на првото тромесечје од бременоста пијат фолна киселина, значително го намалуваат ризикот од појава на аутизам кај детето

image
/11


 

Во истражувањето учествувале 85176 бебиња, кои се родени во периодот од 2002 – 2008 година. Научниците го следеле развојот на бебињата, но и количината на фолната киселина која ја примале нивните мајки во текот на бременоста.

На крајот на истражувањето 270 деца покажувале знаци на аутизам. Жените кои пред и за време на бременоста пиеле фолна киселина, го намалиле ризикот од појава на аутизам за 40%.

Претходните истражувања покажаа дека многу жени почнуваат да земаат фолна киселина многу подоцна отколку што им препорачува лекарот.  Научниците го зеле во предвид и фактот што многу бремености се случуваат непланирано, па не постои можност да се зема фолна киселина пред бременоста.

Фолната киселина им припаѓа на витамините Б-комплекс и потребна е за синтеза и обновување на ДНК. Помага во намалување на ризикот од оштетување на невралната цевка, која по правило се затвора 28 денови по зачнувањето, а поголемиот дел од развојот на мозокот се случува во периодот од 15-56 дена по зачнување.

Освен во суплементи, фолната киселина може да се пронајде во зелениот листест зеленчук, грашак, грав, леќа, јајца и квасец. На трудниците им се препорачува дневно да внесуваат околу 400 микрограма фолна киселина.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Време е за второ бебе – што се треба да се...
Минаа непроспиените ноќи, маките со грчеви, нападот на плачење и сите други проблеми околу растењето на бебето и чувств...
4
Седум начини за побрзо забременување
Сакате да забремените баш сега! Секако, оваа задача сакате да ја решите како и сите други задачи и работни обврски. Но,...
4
Дозирано вежбање – болестите под контрола
Телесната неактивност е еден од најзначајните ризици за срцеви болести на кои инаку се особено склони луѓето со шеќерна ...
4
Што значи крварење во средина на циклусот?
Spotting, или крварење во средина на циклусот е нормална појава и се јавува за време на овулација
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?