Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Во истражувањето учествувале 85176 бебиња, кои се родени во периодот од 2002 – 2008 година. Научниците го следеле развојот на бебињата, но и количината на фолната киселина која ја примале нивните мајки во текот на бременоста.
На крајот на истражувањето 270 деца покажувале знаци на аутизам. Жените кои пред и за време на бременоста пиеле фолна киселина, го намалиле ризикот од појава на аутизам за 40%.
Претходните истражувања покажаа дека многу жени почнуваат да земаат фолна киселина многу подоцна отколку што им препорачува лекарот. Научниците го зеле во предвид и фактот што многу бремености се случуваат непланирано, па не постои можност да се зема фолна киселина пред бременоста.
Фолната киселина им припаѓа на витамините Б-комплекс и потребна е за синтеза и обновување на ДНК. Помага во намалување на ризикот од оштетување на невралната цевка, која по правило се затвора 28 денови по зачнувањето, а поголемиот дел од развојот на мозокот се случува во периодот од 15-56 дена по зачнување.
Освен во суплементи, фолната киселина може да се пронајде во зелениот листест зеленчук, грашак, грав, леќа, јајца и квасец. На трудниците им се препорачува дневно да внесуваат околу 400 микрограма фолна киселина.
8
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи кога ќе пукне водењакот?
„Пукна водењакот“. Реченица која многу идни мајки ја замислуваат како ...
Кога детето треба правилно да ги изговара сите букви?
„Дали е нормално моето дете сe уште да не го изговара правилно Р?“ или...
Невидливиот товар на чекањето бременост
За некои парови, желбата за бебе започнува со возбуда, планови и убави...
Што може да влијае на терминот на породување?
Кога ќе го дознаете очекуваниот термин, природно е да почнете да ги бр...
Закана од предвремено породување
Предвременото породување е породување што започнува пред навршени 37 н...