|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Феликс пред скокот: Сакав само да се вратам жив

Редакција Рингераја, 15.10.2012
Официјалните лица потврдија дека Феликс Баумгартнер е првиот падобранец кој ја преминал звучната бариера. На пресконференцијата, Брајан Утли од МФСА потврди дека максималната брзина за време на паѓањето ббила 1342.8 km./h.

image
/11


 

 

Тоа е скоро за 1,24 пати побрзо од брзината на звукот.

Баумгартнер успешно се приземји во истониот дел на пустината во Њу Мексико околу 9 минути по скокот од капсулата, која беше издигната на височина од 38 километри. По слетувањето Феликс победоносно ги крена рацете, а пријателите и гледачите во командниот центар скокнаа и избувнаа во радосни овации.

За време на скокот беа срушени три рекорди – пробивање на звучната бариера при слободно паѓање, скок од најголема височина и највисок лет контролиран со балон.

Според неговата изјава, пред скокот тој не мислел на рушењето рекорди. Единствено нешто кое го сакал е да се врати жив. Феликс додаде дека не сакал да загине пред очите на родителите, пријателите и сите луѓе кои го гледаа.

Феликс раскажа дека скокот започнал добро. Тој започнал да се врти на глава како што се очекувало, но заради неизвесни причини вртењето станало толку силно што не можел да го запре. Тој објасни дека ако си падобранец можеш да го почувствуваш струењето на воздухот и да го насочиш телото во правилна насока, но заради тоа што бил во скафандер, не ја чувствувал воздушната струја и постојано се борел да го запре вртењето.

На молбата да го опише чувството на пробивањето на звучната бариера Феликс одговорил дека е тешко да опише, зошто не почувствувал кога точно го направил историскиот чин, бидејќи во скафандерот се чувствувал како во гипс.

На прашањето која е следната негова цел, Баумгартнер одговори  дека ќе му вдахнови на своето поколение љубов кон екстремниот спорт и ќе очекува по 40 година од својот син да биде запрашан како да го подобри неговиот рекорд.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју со Небојша Вуковиќ, директор на &...
Средното училиште „Лазар Танев“ нуди кетеринг за сите заинтересирани правни и физички лица кој го изработуваат учениците...
8
Крварење од носот кај деца
Кога носето ќе прокрвари, се плашат и родителите и децата. Но дали стравот е оправдан?
4
Што да правите кога детето повраќа?
При повраќање организмот губи брзо многу течности и минерали. При обилно и постојано повраќање се стигнува брзо до дехид...
4
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4




Анкета

Цуцла.
пеперутка16

До кога вашето дете имало цуцла?