|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Девојка со цистична фиброза која одлично пее

Редакција Рингераја, 13.1.2012
Ако треба да се избере една здравствена состојба која е најголем хендикеп за успешна пејачка кариера, тоа е цистична фиброза. Тоа не е случај за талентираната млада вокалистка Бјанка Николас, која и покрај здравствената состојба, издаде своја песна

/11


 

22 годишната Бјанка, која глуми и пее од својата 5-та година, па дури и имала свој настап пред принцовите Вилијам и Хари е инспиративен пример за некој кој не е подготвен да и дозволи на болеста да застане на патот на љубовта и желбата за живот.

“Обожавам да пеам, не постои поубаво чувство од тоа”, вели Бјанка од Beckenham, Kent. Сите знаеме дека добрата музика може да го поправи нашиот лош ден, слушањето на добра песна може да ве расположи, па ако знаете и добро да отпеете, тоа веќе делува терапевтски.

Околу 9,000 луѓе во Велика Британија имаат цистична фиброза, а неделно се раѓаат околу 4 бебиња со оваа состојба. Се проценува дека половината од нив ќе умрат пред 30-та година. Еден од 25 Британци е носител на погрешниот ген кој ја предизвикува оваа болест.

Телото има жлезда чија намена е да произведува ензими кои помагаат во варењето на храната и слуз кој ги подмачкува дишните патишта. Кај пациентите со цистична фиброза погрешниот ген предизвикува овие жлезди да излачуваат ненормално дебел и леплив секрет, бидејќи постои попречување на водата да поминува низ клеточната мембрана. Каналите на овие жлезди на крај се запушуваат и почнуваат да се формираат цисти.

Дигестивниот систем се бори за да ја свари храната, а дишните патишта се блокирани со секрет. Симптомите се движат од постојана инфекција на градите, дијабетес и во некои случаи неплодност.

Не постои лек кој комплетно ќе ја излечи оваа состојба, но пациентите користат широк спектар на бронходилататори, кои ги отвораат дишните патишта и антибиотици кои се борат со инфекцијата на градите. Исто така, земаат таблети кои им помагаат за полесно варење на храната, апсорпцијата на хранливите состојки и витаминските додатоци.

Бјанка, најмладата од петте деца, имала само 10 месеци кога и била дијагностицирана цистична фиброза, откако нејзините родители забележале дека не јаде како што треба.

“Како дете секогаш бев со многу помала тежина од другите деца и прилично слаба во споредба со моите пријатели. Бев во болница неколку пати заради инфекции на дишните патишта, но ја прифатив својата болест, за што пријателите ми беа голема поддршка” – вели Бјанка.

Еден од најболните моменти во животот и е кога била победена од инфекција на дишните патишта неколку дена пред да одигра главна улога во драмата која ја подготвувала. Била во болница и примала антибиотици во моментот кога требало да биде на сцена.

“Срцето ми беше скршено. Напорно работев со месеци за да ја одиграм таа улога и на крај не можев да го сторам тоа. Режисерот во театарот ме стави во категорија Б, наместо да бидам во заслужената А категорија.”

Големиот ден за Бјанка дојде на нејзината 15-годишна возраст кога Фондацијата Starlight, која ги осветлува животите на сериозно и смртно болните деца и предложи да сними CD. Таа претходно пееше со Will Young, а неодамна го лансираше својот деби сингл “Држи се до своите соништа” во живо пред 850 ВИП гости, вклучувајќи ги Peppa Middleton и бившата Spice Girl, Geri Halliwell.

“Пијам по 30 таблети дневно и имам дијабетес како резултат на цистичната фиброза”, вели Бјанка. Секое утро пијам антибиотици, за да ја намалам инфекцијата. Еден плус е тоа што можам да јадам што сакам, бидејќи на моето тело му требаат многу хранливи материи. Се чувствувам здрава и ако ме запознаете во живо, нема да помислите дека нешто не е во ред со мене.”

“Сакам да бидам пејачка на која и се случило да има цистична фиброза, а не обратно. ”

 

Извор: express.co.uk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
4
Кои родителски совети им штетат на децата?
Секогаш добро размислете што му велите на своите деца и не дозволувајте да правите компромиси со тоа. Држете се до висти...
4
Мир со свекрвата?
Има снаи кои ја сакаат свекрвата речиси колку сопствената мајка (дури и повеќе!). За жал, ова е исклучок. Обично односит...
4
Министерот Тодоров вторпат стана татко
Утрово Министерот за здравство, Господин Никола Тодоров доби син.
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?