Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Хороскопскиот знак во голема мера го одредува однесувањето на детето и тоа од неговото раѓање па се до поголема возраст.
(0-2 години)
Бебето Скорпија ќе ги доживува драматично првите моменти од животот. Ќе биде плачливо, дури и хистерично, склоно на изливи на емоции, кои нема да може да ги канализира. Она што може да го смири е тајна – тоа едноставно, интуитивно ќе почувствува сигурност во луѓето, предметите или местата на кои престојува. Посебно тешко му паѓа будењето заради глад, па морате да бидете максимално подготвени и организирани, за да не плаче долго додека вие го подготвувате оброкот. Кога овие деца ќе се поврзат со мајката или со друга личност од околината, ќе бидат посесивни и секое одбивање ќе им паѓа тешко. Треба да ги забавувате со играчки во кои можат нешто да истражуваат.
Скорпиите се деца на Плутон – во погледот носат тајни, тешко е да се разберат, а уште потешко е да им се наметне нешто. Нивната карактеристика е да најдат единствен код со секоја личност од својата околина. сакајте ги и не дозволувајте да помислат дека нешто друго ви е поважно од нив. Ако ја изгубите нишката која ве поврзува, тешко дека повторно ќе ја најдете.
(2-4 години)
Првото прашање кое ќе ги окупира малите Скорпии е како се создава животот и дали пеперутката, која летала надвор, ќе умре. Животот се смртта се она со што се преокупирани. Родителите ќе имаат не малку лесна задача да најдат примерено, а доволно логично објаснување за нивната возраст. Ако изберат пријател кој им одговара, а тоа да не биде взаемо, можат да се повлечат во себе. Овие деца се вистински мали детективи. Како да трагаат за изгубено богатство, ќе бидат упорни во се што ги интересира.
Лесно настинуваат, па многу е важно доволно време да поминуваат на чест воздух. Посебно заради симболиката на знакот, им годи престој покрај река.
(4-6 години)
Развојот на вашата мала Скорпија сега е многу посложен. Сега сигурно сте сфатиле што му годи, врз основа на искуството. Природните закони, причинско-последичната врска на појавите околу нив, науката...е полето кое најмногу ги интересира овие деца. Со оглед на тоа дека често имаат желба да бидат мали археолози или детективи, купете им играчки и книги кои ќе ги задоволат во тој поглед. Се што е таинствено, ќе им биде преокупација. Ако сакате да ги наведете да се занимаваат со нешто, задолжително речете: “Сега ќе ја откриеме тајната на овие букви и броеви, тие се како шифри кои мора да ги откриеме.” Резултатот на таквиот пристап е најдобар. Овие деца сакаат предизвици, па дури и кога се во нешто просечни – ќе се борат за да успеат.
20
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како стресот на работа влијае на бременоста?
Стресот на работа не е само моментална непријатност за време на бремен...
Кога е најдобро време за следна бременост?
Одлуката за следна бременост е многу лична и зависи од физичката подго...
Водич за зајакнување на детскиот имунитет
Имунитетот кај децата е систем кој постојано се развива, особено во пр...
Кога да се грижите ако детето користи агресивен говор?
Агресивниот говор кај децата како викање, навредување или користење гр...
Како да се подготвите за спермограм?
Спермограмот е едноставен тест, но подготовката за него прави огромна ...
„Намаз“.
пеперутка16
Дали верувате во „намаз“ и дали се заштитувате себеси и вашето дете од него? Се прашувам колку ние во Македонија сме оптоварени со намаз, додека во некои делови од светот дури и не знаат што е намаз?