|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Десетте вистини на мајка ми!

Редакција Рингераја, 8.3.2021
Лекции за животот, раскажани од една мајка

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Што е најубаво на светот?

Ти, додека спиеш.

 

Зошто?

Затоа што тоа е единствената слика на светот која ми дава мир и која единствено ми треба за да бидам среќна.

 

Што е најголемо на светот?

Твоето око. Тоа што може да собере во него, не може да се смести во ништо друго. Немој никогаш да се плашиш од она што можеш да го видиш, па да одиш наоколу со полузатворени очи.

 

Што е најслатко на светот?

Сонот. Ништо не може да биде убаво, шарено и слатко како што ти во сонот можеш да го направиш. Никогаш не заборавај да сонуваш.

 

Што е најголема измама?

Најголема измама е кога двајца, потполно раздвоени луѓе седат на иста маса, во ист стан, имаат исто презиме, јадат заедно и така покажуваат припадност еден кон друг. Најголема измама е кога меѓу двајца луѓе топлата чинија со супа е единствената топлина која постои.

 

Што најмногу боли?

Осаменоста. Која некој ќе одлучи да живее сам, во таа осаменост може да смести што било и од себе може да го извлече само најдоброто. Но ако живееш покрај некого, а се чувствуваш осамено, таа самотија го блокира целиот живот. Се' што правиш е проткаено со таа страшна нота на осаменоста и со грчевитата борба да се извлечеш од тоа. Осаменоста покрај некого е најлошата осаменост која може да му се случи на човекот.

 

Ме плашиш, не ја споменуваш љубовта! Дали постои љубов?

Постои, секако, затоа и ти го зборувам ова. За да ја пронајдеш вистинската љубов, мора да ја напуштиш секоја љубов – илузија, бидејќи таа само ќе те прави несреќен. Љубовта постои, но јас за тоа имам многу малку да ти кажам. Пронајди ја. Не можам да те научам како да го направиш тоа. Немој да ме прашуваш за тоа. Јас сум ти мајка и можеби секогаш ќе мислам дека оној кој е со тебе не те сака така како што јас мислам дека треба да те сака и онолку колку што јас мислам дека треба да те сака.

 

Зошто мислиш дека никој не може да ме сака како тебе?

Ни тоа не знам да ти го објаснам. Еден ден ќе разбереш. Кога ќе имаш дете ќе видиш дека тоа е единствената безусловна љубов на светот, љубов сама по себе, која не бара, не прашува, не бара оправдувања, не моли и не условува. Тоа е најголемата и наједноставната љубов на светот.

 

Навистина ме плашиш.

Не треба да се плашиш. Само пази се од погрешни луѓе, погрешни љубови и немој целиот живот да ти изгледа погрешно.

 

Од што треба најмногу да се пазам?

Од луѓето. Некои луѓе повеќе сакаат да ги рануваат другите, отколку да ги лечат своите рани. Можат да живеат само ако видат дека другите страдаат повеќе од нив. Чувај се од тоа.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали ќе бидам добра мајка?
Прашањето „Дали ќе бидам добра мајка?“ си го поставуваат многу жени, особено пред раѓањето на првото дете.
21
Штедење од најрана возраст – да или не?
Штедење од најрана возраст – дефинитивно да! Но, тука не зборуваме за она „штедење под душек“. Напротив. Зборуваме за от...
6
ЖИВ МОГЛИ! Девојче израснато во џунглата
Најдобри пријатели и се дивите животни, се капи со крокодили, а слонот е нејзин брат! Ова е сосема обично девојче, со не...
5
Правилен избор на детски чевли
Најважната фаза во развојот на детските стапала е од раѓање до приближно тригодишна возраст, поминувајќи низ фазата во к...
4




Анкета

Dali?
Jana9

Dali rabotite poveke od edna rabota?

Da rabotam dve raboti odednas (100%)

Da rabotam tri raboti odednas (0%)

4 i poveke raboti (0%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!