|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Десет интересни факти за фетусот

Редакција Рингераја, 29.7.2023
Прочитајте како во вашето тело се развива чудото наречено живот
Клучни зборови:

image
/11


Феталната циркулација се разликува од циркулацијата кај возрасните

За животот да биде возможен иако само привремено фетусот има поинаква циркулација од онаа кај нас возрасните. Неговото срце сеуште има отвор помеѓу преткоморите кој овозможува мешање на венската и артериска крв што нормално не се случува кај возрасните. Фетусите имаат помошен крвен сад кој гиспојува белодробното стебло и аортата со цел доволно крв да премине во аортата што нормлано не се случува кај возрасните бидејќи тој помошен крвен сад ја губи својата функција веднаш по раѓањето.

 

Фетусот ја голта околуплодовата вода и уринира во матката

Како одминува бременоста органите кои се формирале до крајот на 8-та недела од бременоста сега започнуваат да зреат и се повеќе да наликуваат на адултни. Така истите тие добиваат и функционални карактеристики како и кај возрасните, па во текот на бременоста фетусот научува да голта така што тој буквално ја пие и голта својата околуплодова вода. Но како еден механизма кој би ја одржил количината на таа вода во рамнотежа е фактот дека по созревањето на бубрезите фетусот почнува да уринира во матката, така што сега и феталната урина станува дел од околуплодовата вода која плодот и понатаму ја пие.

 

Што се случува со феталната кожа?

Феталната кожа на почетокот е проѕирна и нежна, препокриена со фетални влакненца познати како лануго влакна. Меѓутоа бидејќи таа е премногу нежна и ранлива многу лесно може да мацерира односно да се распадне под дејство на влажната средина која ја создава околуплодовата вода. Тоа не се случува поради тоа што фетусот создава една бела,масна и сиреста материја која ја обложува целата кожа и се означува како верникс казеоза „vernix caseosa„.Интересен е фактот дека на крајот на вториот месец од гестацијата кај фетусот комплетно се формирани отпечатоците на прстите кои ќе претставуваат личен белег во животот.

 

Црниот дроб – најголем орган

Во извесен период од феталниот живот црниот дроб станува најголемиот орган во неговото тело бидејќи ја превзема и хематопоетската функција односно одговорноста да во него се создаваат крвните клетки на плодот. Парадоксално е тоа дека иако црниот дроб е непропорционално голем во однос на другите структури тој сеуште нема зрели ензими како кај возрасните.

 

Увото – единствен сетилен орган кој комплетно созрева во текот на бременоста

Увото е единствениот сетилен орган кој комплентно созрева во текот на интраутериниот живот на фетусот. Плодот веќе во 20 недела може да слуша. Тој ги перцепира тоновите од околината. Доказ дека плодот слуша е фактот дека во 5тиот месец од брееноста плодот со своите дланки може да ги покрива ушињата кога ке биде присутен во околина каде постои бучава.

 

Фетусот може да плаче

Веќе кон крајот на 3 месец од бременоста гласните жици на фетусот се развиени така што се смета дека фетусот би можел да плаче,но тој не го прави тоа бидејќи околу него нема воздух кој неопходно мора да мине низ гласните жици за да се создаде крик односно плач.

 

Експанзија од клетки секоја следна секунда го создаваат мозокот

Се проценува дека секоја секунда се создаваат околу 50.000 нервни клетки со цел кон крајот на бременоста мозокот да ја има зрекоста која може да одговори на надворешните предизвици. Плодот во моментот а раѓање има 100 билиони нервни клетки. Интересен е фактот дека феталниот мозок секојдневно се повеќе се развива под дејство на звуците од околината кои допираат до него.

 

Фетусот истражува

Во 4тиот месец од бременоста фетусот започнува да го истражува пространството на матката, прави движења со рацете и нозете, си игра со папочната врвца и го цица својот палец. Во 27 недела од бременоста ги отвоа очите и разликува светло од темно, започнува да се фокусира кон светлината.

 

Расположението и психата на мајката влијае врз фетусот

Расположението и психичката состојба на мајката може да влијаат врз фетусот на тој начин што при состојби на тага, вознемиреност и нервоза доаѓа до создавање на супстанци-невротрансмитери кои ја преминуваат плацентата и доаѓаат во крвта на плодот предизвикувајќи извесни случувања и кај плодот. Се смета дека депресивните мајки раѓаат нервозни деца кои премногу плачат по породувањето токму поради биолошки акивните супстанци кои се создаваат кај мајката а преминуваат во крвта на плодот.

 

Белите дробови – органи кои најдоцна созреваат

Фетусот има бели дробови, но во најголемиот дел од бременоста тие се незрели и нефункционални. Фетусот не дише, туку кислородот го прима преку мајчината крв која е богата со кислород. Иако белите дробови се присутни од почетокот на бременоста тие се нефункционални и последни созреваат. Зреењето започнува дури по 34 недела од бременоста, па оттука и ризикот за висока смртност кај предвремено родените деца

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Топ 9 храни кои содржат фолна киселина за ...
Недостатокот на фолна киселина е еден од најчестите недостатоци на витамини.Фолатот (витамин Б9) е особено важен за врем...
4
Од јадење сладолед во бременост бебето нас...
Најчудните совети на нашите баби!
4
Можна причина за чести спонтани абортуси
Синдром на Хјуз - Што претставува?
4
AnnaMolly: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?