Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Драги деца,
Со вас сум.
Бев со вас кога бевте во мојот стомак. Бев отечена, тешка, уморна и се чувствував како слон, но бев со вас.
Бев со вас во секундите, минутите и часовите на работа, кога навистина мислев дека не би можела да продолжам.
Бев со вас кога ве држев, ве негував и кога за прв пат ја мириснав вашата совршена кожа.
Бев со вас кога се разбудивте во 03:00 и повторно во 3:45. Бев со вас кога се сопнав во мракот за да ве однесам до креветчето. Јас бев со вас и кога го молев Бога да заспиете.
Бев со вас кога плачев, бидејќи бев многу уморна, кога не можев да влезам во своите фармерки и не можев да најдам време да ја исчешлам косата.
Со вас сум, кога ноќе ќе дојдете во мојот кревет и ќе ме турнете на крајот од јогата.
Со вас сум кога се трескате од земја заради играчката која ја сакате и кога имате израз на лицето како да сакам да ве отрујам со вечерата.
Јас сум со вас и кога ќе ги превртувате очите и ќе заминете. Секогаш ќе биде со вас мојата љубов, без разлика колку сте лути на мене.
Со вас сум кога ќе легнеме на каучот и ќе гледаме филм.
Со вас сум кога ме прашате еден милион прашања пред да ја испијам првата голтка од моето кафе.
Со вас сум кога ќе ги изгубите чорапите и чевлите и кога доцниме веќе петнаесет минути.
Јас сум со вас кога сакате прегратка и кога не сакате.
Јас ќе бидам со вас ако добиете добри оценки, и ако се борите за оценка во училиште.
Ќе бидам со вас кога ќе успеете и ќе бидам со вас кога ќе направите стотици грешки. И јас ги направив истите грешки и ве разбирам подобро отколку што мислите.
Ќе бидам вас, ако станете астронаути, или учители, или луѓе кои само се борат да си го најдат патот. Сите ние се бориме мои сакани деца. Вие никогаш не би можеле да ме разочарате, затоа што сум ваш обожавател.
Јас сум тука засекогаш.
Нема ништо што можете да направите за да ме оддалечите еден чекор подалеку од вас.
Никогаш.
Вие сте мојата вечна љубов засекогаш.
Би ги избрала бессоните ноќи со вас во замена за секој безгрижен ден, илјадници и илјадници пати повторно.
Со љубов,
Мама
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Инфекции на уринарниот тракт кај деца
Инфекциите на уринарниот тракт се меѓу почестите бактериски инфекции в...
Во која недела најчесто се случува спонтан абортус?
Спонтаниот абортус најчесто се случува во раната бременост, особено во...
Здрав почеток на денот - протеински појадоци за доилки
Периодот на доење бара дополнителна енергија, но и квалитетна исхрана....
Прво шишање, први чевлички, прва четка за заби
Првите „мали“ моменти во животот на детето често носат големи прашања ...
Хидратација во бременост. Колку вода е доволно?
Во текот на бременоста, потребата за течности се зголемува бидејќи тел...
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)