|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дарежливост или скржавост?

Редакција Рингераја, 14.3.2012
Се сеќавате ли дали во детството сте биле скржави? Или обратно – им ги дававте ли своите играчки на другите деца?

image
/11


 

 

Општо прифатено е да се радуваме на дарежливите деца, да ги фалиме, да ги даваме за пример. Скржавоста кај децата се оценува негативно. Но зошто децата се различни?

До 2 години детето не се поврзува со конкретни предмети. Во периодот од втората до третата година детето сфаќа дека предметите му припаѓаат само нему. Играчки, облека, боенки. Возрасните многу поразлично ги доживуваат предметите од децата.

 

Во детските очи

За возрасниот човек поимите “Јас” и “Мое” се различни. За детето “Мое” е дел од  “Јас”. Обидот на друго дете да ја земе играчката се смета за посегнување врз личноста и нормално е детето да реагира бурно. Одбивањето на детето да дели не е ниту каприц, ниту егоизам, туку обид за заштита на своето јас. На тој начин детето ја искажува својата независност.

Поистоветувањето на детето со сопствените играчки не важи за другите деца и туѓите играчки. Оттука почнуваат конфликтите. Детето се обидува да ги зачува своите играчки, додека освојува туѓи. Мировните преговори во овој случај се невозможни. Детето не прашува и не се обидува да преговара. Бесмислено е да разговарате со него и да го советувате. Сеуште е рано.

На детските игралишта често сме сведоци на тоа како мајките им објаснуваат на своите деца дека треба да ги споделуваат своите играчки.

Тоа е вистинскиот пристап за да воспитате дарежливо дете – но внимавајте! Ако постојано му објаснувате на детето дека со секого треба да споделува се', ризикувате кај своето дете да изградите слаб карактер кој не знае да каже “Не”. Ниту тоа нема да му користи многу во животот. Обидете се да најдете некаков баланс и дозволете му на детето да одлучи што ќе сподели, а што не.

Кога го водите детето на игралиште, носете сопствени играчки. Објаснете му на детето дека треба да се вратите со нив дома и дека не треба да ги присвојувате туѓите играчки.

На слична ситуација може да бидете сведок и во градинка. Кога ќе го земате детето може да забележите дека има нешто туѓо во своето шкафче. Не започнувајте да го карате детето. Тоа не е кражба. Објаснете му дека за да земе нешто треба да има дозвола од сопственикот. Замолете го детето да ја врати играчката кај сопственикот.

Постојат и обратни ситуации во кои детето великодушно дели се' свое, предизвикувајќи симпатии кај сите наоколу и иритација кај своите родители што не ги чува своите интереси. Оваа дарежливост може да се стекне ако сте претерале со лекции за скржавоста, па детето преминало во друга крајност. Друга причина на која се должи детскиот алтруизам можеби е начин на детето да го “купи” вниманието на луѓето околу себе.

Трет пример е дете кое се плаши да каже “Не” за да не ги изгуби своите пријатели и кое ќе се согласи на се' без разлика дали му се допаѓа или не.

Малите деца не прават голема разлика меѓу подарувањето и позајмувањето. Тие реагираат импулсивно. Им подаруваат свои работи на пријателите, но исто така и присвојуваат туѓи работи без дозвола. Објаснете му на детето што значи подарокот. Да се подари нешто значи да му се даде на некого засекогаш. Подароци можат да се даваат со повод и без повод. Објаснете му ги двете страни: великодушноста и скржавоста. Вашата цел треба да биде да направите баланс меѓу овие две карактерни црти и да развиете соодветно однесување кај детето. Воспитувајте го детето да подарува, но пред тоа да се посоветува со Вас. Многу е важно да го научите да Ве праша, пред да одлучи да присвои нешто туѓо.

Најтешко е да развиете правилен сооднос меѓу дарежливост и скржавост. Имајте на ум дека Вие сте најавторитетен пример за детето и дека детето учи од Вас и Вашите постапки.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Селската момичка
Инструкции - како да направите играчка дома
3
Другарката Ели
Инструкции - како да направите играчка дома
3
Прирачник за изработка на играчки
Сите играчки на едно место! Погледнете го прирачнкот кој ќе го доставиме во сите градинки низ Македонија. Изработете и в...
3
Приказната за Јана - 3 Дел
3. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?