Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: dandes
Датум на породување: 24 Ноември, 2008 година
Тип на породување: природно
Болница: Градска болница – Прилеп
Се двоумев дали да ја раскажам приказната за првото породување, или за второто, но сепак се одлучив за породувањето со моето второ дете затоа што сметам дека ќе бидам многу досадна ако ги раскажам и двете...а би сакала.
Терминот ми беше околу 20 Декември, 2008 година и бидејќи првото дете имаше само 17 месеци, јас сеуште бев целосно ангажирана околу секојдневните обврски со неа. Утрото на 23 Ноември станав со непријатна болка во долниот дел на стомакот и иако имав претходно искуство не обрнав внимание и си продолжив со секојдневието. Значи почнав со : носење на детето во градинка, чистење низ дома, уплати во банки, правење ручек...Кога стигна 14,30 часот јас си ја зедов ќерка ми од градинка и заминав втора смена на работа. Цело време ја имав болката, но стоечки ја игнорирав. На работа веќе болката ми стана поинтензивна, ама упорно мислев дека е некоја настинка или циститис. Така работев до 21 часот и од работа отидов да си ја земам ќерка ми која беше на гости кај баба и, која живее на 5-ти кат. Се искачив пешки.
Таму вечеравме, а мене почнаа рацете и нозете по малку да ми откажуваат, ама си велам – уморна сум, сега ќе си легнам, не им кажувам, да не кревам паника без потреба.
Си појдовме дома и го побарав мојот лекар во 22 часот, му ја кажав мојата ситуација, а тој ми вели “Нема ништо, не се секирај, напиј се увин чај и затопли се, ако има нешто побарај ме”
Луѓе мили, каков увин чај, почнаа во 5 минути и раце и нозе да ми скокаат од силни контракции, едвај влегов под туш да се средам и со сопругот веднаш во нашата “позната” прилепска болница. Во меѓувреме му се јавив на докторот, да му кажам дека сум на пат до болница и дека ќе се породувам, да дојде што поскоро. “Љубезниот” персонал ме пречека со прашање “Што сакате?”
- Па да раѓам
- хахахахаха, мајка, не се раѓа така како што Вие мислите. А колку време Ви траат контракциите?
- 30 минути
- хахахахаха, одете во собата за преглед, ќе дојдe лекарката.
Кога стигна дежурниот лекар ме прегледа и викна “Носете ја на бокс, детево излегува! А ти мајка, кај беше цел ден?”
- Имав работа :)
После втората контракција бебето излезе по нормален пат, со брзина на светлината. Кога стигна мојот лекар, работата веќе беше готова, остана само да се евидентира времето на раѓање. Бидејќи беше 23 Ноември 2008 година, 23:59 часот, запишавме 24 Ноември 2008 година во 00:05 часот, за да не се води денот за една минута.
Родив здраво и право женско дете во 8-ми месец од бременоста и по 1 недела во инкубатор си дојдовме дома и сега сум најсреќната мајка на две прекрасни, весели ќерки.
Рингераја им посакува среќно детство на ќерките на dandes!
Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни.
забава Бремените
Автор: bobik
Пневмонијата е сериозна, но честа респираторна инфекција која може да ...
Тренинг од дома? Лесно е кога знаеш како!
Во ера кога времето ни е скапоцено, а мотивацијата краткотрајна, идеја...
Температурата е една од најчестите причини поради кои родителите бараа...
Дете со настинка пред лет – безбедно ли е да патувате?
Планиравте семејно патување, спакувавте се, купивте билети, и токму пр...
Триење алкохол кај деца со температура
Во времето на бабите и дедовците, многумина верувале дека триење алкох...
Миење на долниот дел.
пеперутка16
Дали твојот сопруг ја менува облеката на детето, мислам миење на долниот дел и менување на пелената?