|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дали треба да го лупиме овошјето и зеленчукот?

www.doktori.mk, 2.4.2014
Дали некогаш сте размислувале дали навистина се бескорисни деловите од растенијата кои ние постојано ги фрламе, како што се некои листови, кори, лушпи и слично? Дали овие делови воопшто смеат или би требало да се употребуваат во исхраната?
Клучни зборови:

image
/11


 

Кора од јаболко

Кверцетин е антиоксиданс кој се наоѓа само во кората на јаболкото и е особено корисен за белите дробови и мозокот. Ако редовно јадете лупено јаболко воопшто нема да го внесувате и многу ќе изгубите. Освен ова јаболкото е полно витамини и навистина е необјасниво зошто луѓето инсистираат да го лупат.

 

Кора од портокал

Кората од портокал е еден од убедливо најмоќните природни лекови против покачени маснотии во крв, а е одличен благодет за срцето. Кората од портокал пред да се употреби мора да се увериме дека е чиста и не била подложна на хемикалии. 

 

Листови од цвекло

Листовите од цвекло ретко кој ги употребува, од цвеклото се користи најмногу коренот, затоа и ова растение се одгледува и купува. Но, листовите од цвеклото не се ништо помалку корисни од коренот, тие се благодет за организмот и од нив можат да се направат вкусни чорби, погачи и слични јадења кои се здрави за организмот.

 

Кора од лубеница

Иако ви звучи зачудувачки кората од лубеницата содржи материја наречена Л-цитрулин, која е многу здрава за организмот и му помага при болки во мускулите. Порано старите луѓе често ја јаделе кората од лубеницата и тоа било нормално, но подоцна овој тренд многу опаднал и сега повеќето сметаат дека истата е штетна или отровна, што е сосема неточно.

 

Лушпа од компир

Лушпата од компирот според истражувањата е повеќе корисна и од самиот компир. Ова не значи дека треба да сварите лушпи од компири, но понекогаш можете да испечете компир со лушпа и воопшто да не се грижите дека тоа е штетно.

 

Семки од тиква

Сигурно се сеќавате на старите добри времиња кога вашите баби и дедовци редовно ги приготвуваа семките од тиквите. Семките од тиква се навистина здрави делови од ова растение и се делотворни за функцијата на целиот организам. Затоа наредниот пат кога приготвувате тиква немојте да ги фрлате семките.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

БЕБЕЛАН - Нови пријатели на Рингераја.мк
Како дел од строгите системи за контрола на квалитетот на Hochdorf, BEBELAN LACTA поминува над 50 проверки на квалитетот...
4
Чудни детски навики, кои се сосема нормални
Енергично тресење на главата, соблекување во јавност и лажно кашлање? Дали тоа е нормално?!
4
Што е КОРОНАВИРУС и како да се заштитите?
Светот и во минатото се соочувал со опасни вируси кои пустошеле се’ пред себе. И иако денес медицината е напредна, сепак...
4
Фото: Мајката на првороденото бебе!
Фотографија од Јасмина Смилевска и нејзиниот син, првородено дете во 2013 година
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?