Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Подготвувајќи ја овогодишната акција „Израдувај дете од улица“, која „Лице в лице“ трет пат ја прави за малите пријателчиња од Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари, се соочивме со потребата да ве повикаме вас, граѓаните, организациите, компаниите и сите кои сакаат да помогнат, да ги израдуваат овие деца – носејќи им храна.
Од координаторката на Центарот, Ирена Велкоска, побаравме список на сите деца кои секојдневно го посетуваат ова место, па покрај него, добивме уште нешто:
- Имаме сериозен проблем со обезбедувањето храна за децата. Честопати нема храна за сите, па многу би ни значело ако граѓаните што ќе се вклучат во акцијата, донесат храна, пред сè – вели таа.
Во Дневниот центар има повеќе од 100 деца, а просторот нема услови за готвење. Затоа, не е препорачливо да се носат супи, тестенини или останати производи кои треба да се варат или печат (подолу прочитајте го списокот со препорачаните прехранбени производи).
Акцијата, овој пат ќе биде малку поинаква:
Граѓаните кои ќе се приклучат, ќе можат да го посетуваат Дневниот центар во Шуто Оризари во следниве термини:
- во четвртоците (18-ти и 25-ти декември), во термини од 11 до 15 часот;
- во саботите (20-ти и 27-ми декември) од 12 до 15 часот.
Тогаш тие ќе можат да се дружат со децата, но и лице в лице, да ги слушнат нивните приказни, состојбата во која се наоѓаат, и да ги израдуваат носејќи им храна која ќе ги задоволи нивните основни потреби за оваа зима.
Годинава, за разлика од претходниве две години, имаме и повеќе деца кои се згрижени во Дневниот центар, па затоа, очекуваме да се вклучат сите оние кои сакаат да споделат храна, но и шалче, капче, ракавички, кукла, количка, или други ситни нешта кои носат радост. Секако, тука се и задолжителните насмевки, гушкања и дружби.
Важно ни е, овие деца, кои, поради повеќе причини не ја добиваат потребната грижа од своите блиски, да имаат можност да доживеат радост и среќа, дружење и добрини со вас, солидарните граѓани кои сакаат, знаат и можат да придонесат за подобар живот и поубав свет.
Целта на оваа активност (која тимовите на „Лице в лице“ и на Здружение за заштита на правата на детето ја прават доброволно со помош на неколку волонтери) е да се поттикат граѓаните да се вклучат во помош и поддршка на стотина деца кои се згрижени во Дневниот центар за деца на улица. Се надеваме на нови лице в лице дружби, директно запознавање со проблемите и можностите за помош и поддршка, но и поттикнување на константна грижа.
Очекуваме дека ќе се приклучат повеќе граѓани, па оваа година ќе имаме успешна акција.
Ајде да израдуваме деца од улица!
Список на препорачана храна:
млеко
вода
сокови
чај
шеќер
јогурт, овошен јогурт
мармалад
овојшје: јаболка, портокали, мандарини, банани
маргарин, путер, кајмак
паштети
крем
кашкавал
сирење
салама
ајвар, пинџур и други видови зимница
бонбони
мали чоколатца
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Црвен кармин за свадбени прослави
Црвениот кармин отсекогаш бил симбол на самодоверба, елеганција и заво...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?