|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Чекор кон полесно забременување!

Редакција Рингераја, 5.3.2024
Отсуството на информација за плодниот период во месечниот циклус на жената е причина број еден во неможноста за забременување

image
/11


Сознанијата за овулацијата и препознавањето на симптомите на овулација ги зголемуваат шансите за бременост кај секоја жена.

 

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА ...

Жената се раѓа со над еден милион незрели јајце клетки во своите јајници. Во периодот на телесен раст и развој голем дел од нив пропаѓаат. Во пубертетот бројот е намален на половина и овие јајце клетки ја очекуваат својата можност за целосно созревање во некој од месечните циклуси на жената во процесот на овулација.

Бидејќи овулација е процес во кој нормално се ослободува само една зрела јајце клетка, околу 450 од нив успеваат да го остварат тоа во текот на целиот животен век на жената. Најчесто само неколку јајце клетки се искористуваат во процес на оплодување и бременост во репродуктивниот период на жената.

 

ШТО Е ОВУЛАЦИЈА?

Овулација е фаза од менструалниот циклус на жената кога зрелата јајце клетка се ослободува од површината на еден од јајниците. Ослободената јајце клетка е спремна за оплодување. Ова е идеалниот период за зачнување. Новиот живот почнува доколку зрелата јајце клетка се сретне со сперматозоидот на нејзиниот пат низ јајцеводот. Во спротивно таа пропаѓа. Кај поголемиот дел од жените овулацијата се случува еднаш во секој месечен циклус, од пубертетот до периодот на менопауза, освен за време на бременоста и доењето. Понекогаш може да постојат и неправилни овулации или овулацијата да изостане.

 

ОВУЛАТОРЕН КАЛЕНДАР...

Овулацијата настапува две недели пред очекуваниот менструален циклус. Во идеален 28-дневен циклус овулација се очекува 14. ден сметано од првиот ден на менструалното крвавење. Бидејќи должината на циклусот нормално може да варира од 24 до 35 дена, овулацијата може да се очекува од 10. до 18. ден, во зависност од основната временска рамка на циклусот, но секогаш две недели пред очекуваното крвавење поради константноста на втората постовулаторна фаза на циклусот. Месечно крвавење може да се јави и во отсуство на овулација, а овулација може да се јави и во отсуство на месечно крвавење.

 

ФЕРТИЛЕН ПРОЗОРЕЦ?

Јајце клетката е со краток животен век. Доколку не настапи оплодување таа пропаѓа во период од 12 до 24 часа. Ова не значи дека сексуалниот однос треба да се случи точно во моментот на овулација. Фертилен прозорец е период од 6 дена кога може да се забремени. Заради зголемување на шансите за оплодување потребно е присуство на семен материјал до 5 дена пред очекуваната овулација поради можноста подвижните сперматозоиди да преживеат неколку дена во женскиот репродуктивен тракт. Од овие причини се советува редовен сексуален однос секои два до три дена или подесување на сексуалните односи во периодот на концепцискиот максимум. Кај двојките со нормална плодност во секој циклус постои можност за забременување од 20 до 25 отсто.

 

ЗНАЦИ И СИМПТОМИ НА ОВУЛАЦИЈА

- Регуларен менструален циклус - регуларен месечен циклус на 24 до 35 дена е во најголем број случаи овулаторен.

Промени во цервикалниот секрет - две недели пред очекуванато месечно крвавење се јавува прозирен, обилен, воденест вагинален секрет кој е најизразен непосредно пред овулацијата. Ваквиот секрет обезбедува храна и заштита на сперматозоидите и го олеснува нивното движење кон јајце клетката.

Зголемено либидо (сексуален нагон) и зголемена физичка привлечност преку подобар изглед и зголемен телесен мирис.

Стомачна болка - некои жени чувствуваат болка за време на овулацијата. Болката може да биде распространета или локализирана на една страна од долниот дел на стомакот.

Оскудно крвавење од матката - како резултат на хормонските промени во период на овулација можна е појава на оскудно вагинално крвавење кое се смета за нормален знак.

Пораст на базалната температура - обично се јавува благ пораст ( 0,5 Ц степени ) на базалната температура. Овој температурен скок е сигнал дека настапила овулација. Тој не претходи на овулацијата туку е показател за веќе настапена овулација.

Предменструален синдром - овулацијата може да биде следена со појава на напнатост во дојките и нивно зголемување, подуеност на стомакот и промена на расположението.

 

ТЕСТОВИ ЗА ПРЕДИКЦИЈА НА ОВУЛАЦИЈАТА

Физиолошкиот пораст на лутеинизирачкиот хормон (ЛХ) во крвта за 24 до 36 часа предизвикува исфрлање на јајце клетката од овариумот. Овој пораст може да се регистрира со спроведување на едноставен тест на урината два дена пред да настапи овулацијата. Овој метод се препорачува кај жени со регуларен менструален циклус и без хормонски дизбаланс. Медицинските тестови за докажување на овулација опфаќаат спроведување на хормонски анализи во крвта и урината и ултразвучно следење на циклусот.

 

АНОВУЛАЦИЈА - ИЗОСТАНОК НА ОВУЛАЦИЈА

Процесот на овулација е зависен од хормони кои се лачат од структури во мозокот (хипоталамус и хипофиза), а кои раководат со функцијата на овариумите. Одредени нарушувања во овие структури како стрес, исцрпувачка физичка активност, потхранетост, дебелина, тумори или повреди можат да предизвикаат изостанок на овулација. Кај пациентки со хроничен изостанок на овулација како причина за неплодност се спроведуваат методи за стимулирање на овулацијата со употреба на таблети и инјекции под строг надзор на гинеколог од областа на репродуктивната медицина за постигнување бременост.

 

КАКО МОЖЕТЕ САМИ ДА ПОМОГНЕТЕ ВАШИТЕ ЦИКЛУСИ ДА БИДАТ ОВУЛАТОРНИ:

Одржувајте ја телесната тежина оптимална за вашата телесна градба. Запомнете дека дебелината и потхранетоста се секогаш поврзани со изостанок на овулација.

- Физичката активност треба да биде умерена. Запомнете дека исцрпувачки физички вежби доведуваат до изостанок на овулација.

Хранете се здраво, избалансирано и редовно. Запомнете дека повторувачки диети, изгладнетост и нарушување во хранителните навики предизвикуваат анорексија и булимија со губиток на овулација и менструација.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали сте кандидати за инсеминација?
Инсеминацијата е најчеста и наједноставна метода на асистирано оплодување. Дознајте се за инсеминацијата и дали сте канд...
5
Фото: Вака изгледа борбата за бебе!
Не постои нешто што жените не би направиле за да си го исполнат сонот да станат мајки. Секојдневно, голем број од нив по...
4
Време е за второ бебе – што се треба да се...
Минаа непроспиените ноќи, маките со грчеви, нападот на плачење и сите други проблеми околу растењето на бебето и чувств...
3
Планирам бебе. Што треба да преземам?
Одлучивте да создадете семејство (или да го зголемите веќе создаденото). Постојат чекори кои ќе ве доведат до крајот на ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?