|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Бременост или брак? Што е поприоритетно?

Чоколадна труфа, 5.11.2018
Така ни е, кога нема да поживееме малку заедно пред да се земеме.

image
/11


НА ШОЛЈА, така најубаво ќе си го запознаеш партнерот. Дали ќе се сврти да си го избрише остатокот, простете на сликовитоста. Дали ќе го крене капакот и дали ќе ги помине со хартија прсканиците.

 

Дали ќе си дојде дома и ќе ги соблече обувките во ходник со кои штрапал низ град, со кои газел во испопрскани вециња, газел плуканици и првлјаштини улични, или лабаво ќе си гази насекаде по домата.

 

Дали тие миризливи алишта што толку те фасцинираа и ти даваа слика дека е чист педантен перен човек, тој си ги одржавал или не.

 

Епа, всушност тоа мама го правела, таа му трчала да го испере, среди. Така, строго балканското, мајчинската пожртвуваност што неа само ја измачило и ништо друго, а произвело неспособно и неразбрано суштество што ми е оставено во наследство мене.

 

Ние, се обожаваме, љубов на сите страни, нежности, забава, смешки, гушкање, одлично функционираме веќе 4 години! Додека не влеговме дома, во нашата дома, после најдобрата свадба (за нас хехе).

 

Сум се замарала за прости работи. Средување по дома било залудно трошење на времето и креативноста, глупави обврски што сум го терала да ги прави, да се замарал тој со прости работи (читај: фејсбук дремажа е секојдневие, ама тоа е релакс, не е залудно трошење време)

Абе срамота е и анонимно да го напишам ова бе! :D

 

Сум ја нарушувала хармонијата. Сум пререкувала, сум мрчела. А тоа собирано собирано 2 месеци без збор, без барање помош, без барање ништо, повремено фрлање на ѓубре… Епа после 2 месеци еднаш пререкувам и бум! Ние сме немале хармонија, јас сум вечен негативец, да престанам да го замарам.

 

Брат, хармонија не е еднострана работа. Хармонија е кога сите работат заедно за да произведат пријатен однос, симултана комбинација на труд за взаемно функционирање.

 

Повели, објаснувај се до задутре, за-луд-но, не го до-пи-ра.

 

Во равенката додај бременост.

Ејјј си викав, ќе си пишувам што ми е и како ми е со мене, со телото, ќе станувам мајка, па симптоми, па смешки, па споделување искуства, ситуации.

 

Скока ова малово кога ќе се расплачам, кога ќе залупа срце од нервоза, мини караница. Тој мисли со последниот збор завршила караницата, се е назад во нормала, нема научени лекции, ништо.

 

А јас, треси се, па под туш да се стоплам да се смирам. Се тресе и ова во мене, чука и тоа на пола бременост, уште не е ни доволно големо, ама реагира ете.


Генерична без поента слика од пар како се кара за да не дојде премногу текстуална статијава:

Генерична слика од караница во бременост

 

И како сега јас да се однесувам? Ајде, ми рекоа, бараш 2 спрат од куќа која само што ставиле темели. Полека, со трпение, со муабет, ќе се среди, ќе се научи. Само да не сум се нервирала, биди лабава. Ок, ајде лабаво, ден, два, недела, 2 месеци! Едно пререкување ме чини цела недела стрес, нерасположение, тресење, емотивност, меланхолија, безнадежност.

 

И тоа се влијае на бебе. Кое да е приоритетот? Проголтај едно за да не пати другото? А другото пати бидејќи се повеќе се навикнува на јас да правам се и после станало тешко.

 

Да си гледам на бебето а бракот за после? Да се разделиме на пола бременост од инает и непопуштање?

 

“За што бе бејби, за алиштата и кујната што не ти мие, не бе срцко мачка душичко такви се сите што да им праиш” - коментарчиња на други жители на планетава, жени кои потклекнале на тој менталитет.

 

Ајде, ќе се вратиме на сакањето и гушкањето до следниот мега испад на насобрани “ситници”, да не гњавам премногу, има има материјал. До тогаш, мора да се вклучи стратегија -> манипулација. Ајде, малку со глума да пробаме, ќе ми стане одеднаш многу “тешка” бременоста, ќе не можам многу работи сама… :D

 

Дневникот на Чоколадна труфа.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Шесте среќни месеци од вашата бременост
Како лета времето, нели?
4
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Породување со царски рез
Иако докторите му даваат предност на породувањето по природен пат, бројот на царските резови во нашата земја од година в...
4
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?