|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Боже, направи да бидам телевизор

Редакција Рингераја, 9.3.2015
Прекрасна приказна која сигурно ќе ве допре и барем за кратко ќе ви помогне да сфатите колку сте им важни на своите деца, а колку е неважно она што го гледате на телевизија

image
Телевизија
/11


 

Учителката во основно училиште им дала на своите ученици задача да напишат есеј за тоа што би сакале Бог да им направи. На крајот на денот, кога ги оценувала есеите, причитала еден, кој ја расплакал.

Нејзиниот маж кој тогаш си дошол дома, ја видел расплакана и ја прашал: “Што се случило?” Таа му одговорила: “Прочитај го ова, тоа е есеј на еден од моите ученици.”

“Мили Боже, вечерва те молам да ми направиш нешто многу посебно. Направи да станам телевизор. Сакам да го заземам неговото место и да живеам како телевизор во мојата куќа.

Сакам да имам свое посебно место и семејството да се собира околу мене. Сакам да ме сфаќаат сериозно кога зборувам. Сакам да бидам центар на внимание и да ме слушаат без прекин. Сакам да бидам во друштво на својот татко кога ќе си дојде од работа, дури и кога е уморен. Сакам мајка ми да ме слуша дури и кога е нервозна, наместо да ме игнорира. Сакам моите браќа да се борат за да бидат со мене. Сакам да почувствувам како моето семејство остава се настрана, само за да поминува време со мене. И на крајот, не помалку важно, сакам да ги направам среќни и да ги забавувам.

Боже, не барам премногу, сакам само да бидам телевизор.”

 

Во тој момент мажот рекол: “О Боже мој, кутрото дете. Какви грозни родители има.”

Жената го погледнала и му рекла: “Овој есеј го напиша нашата ќерка.”

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детето беснее, што да (му) правам?
Кога малите деца имаат изливи на бес, родителите ги гледаат само последиците преку нивното однесување, а всушност треба ...
8
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
5
Инхалација или сируп?
Дилема на секој родител кога детето има воспаление на дишните патишта: дали е поефикасно детето да се инхалира или довол...
5
Филмско деби на ќерката на Анџелина Џоли
Тргна по стапките на своите родители! Малата Vivienne Marcheline доби улога во филмот Maleficent, секако со мала помош о...
5




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?