Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Сепак, треба да се има на ум дека овие истражувања се многу ретки, бидејќи се тешки за истражување. Во продолжение на текстот ќе дознаете дали е ова опасно, кои мерки на претпазливост можете да ги преземете и кои бои се најдобри за користење.
Веднаш на почетокот ќе го решиме вечното прашање: дали е безбедно боење на косата во текот на бременоста? Одговорот е - да.
Боите содржат хемикалии - пероксид и амонијак, меѓутоа, во многу мала количина, поради што не се сметаат за токсични. Освен тоа, бојата не останува доволно долго во контакт со кожата за да се апсорбира во крвотокот и на тој начин да го оштети бебето.
Затоа се смета дека боење на коса не е токсично дури ни за време на доењето, бидејќи хемикалиите не се апсорбираат во млекото. Меѓутоа, ако имате отворени рани на главата, апсорпцијата на хемикалиите во крвотокот се зголемува.
Некои лекари веруваат дека ова не треба да се прави во текот на раната бременост, бидејќи во тој период се формираат органите. Тие советуваат бојадисување на косата по првиот триместар.
- Ако никогаш до сега не сте ја бојадисувале косата, прво направете тест на мала површина за да видите дали ќе имате реакција, иритација или алергија.
- Строго следете ги инструкциите на пакувањето. Користете ракавици и не ја оставајте бојата премногу долго на вашата коса.
- Имајте на ум дека бременоста може да влијае на промената на структурата на косата. Ова значи дека вашата коса може да реагира поинаку на бојата. Затоа е најдобро да се направи тест на мал дел од косата.
- При изборот на бојата за коса, најдобро е да се изберат бои кои не содржат амонијак, пероксид или PPD (хемиска супстанца која се наоѓа во скоро сите темни бои), а најдобро е да се одлучите за алтернативно боење на косата.
Сепак, изборот е ваш и секогаш е најдобро да се консултирате со вашиот доктор!
забава Бремените
Автор: bobik
Придобивки од млекото и млечните производи за здравјето
Млекото и млечните производи се дел од традиционалната исхрана во мног...
Кога детето го поминува својот прв роденден, неговите потреби за храна...
Што се матични клетки и зошто се толку важни?
Во светот на медицината постојат многу зборови што звучат како научна ...
Гастритис – што е и како се лекува?
Гастритисот е воспаление на слузницата на желудникот, состојба која мо...
Кога сте родител на бебе, секојдневните обврски стануваат вистинска ми...
Миење на долниот дел.
пеперутка16
Дали твојот сопруг ја менува облеката на детето, мислам миење на долниот дел и менување на пелената?