|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Азооспермијата е една од најтешките облици на неплодност кај мажите. Тоа е состојба во која отсуствуваат сперматозоиди во ејакулатот.

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Со цел да се транспортираат надвор од телото сперматозоидите се мешаат со ејакулатот, во одредени места на машкиот репродуктивен систем. Понекогаш, заради блокада или проблеми со производство на сперматозоиди, тие не се мешаат со ејакулатот и затоа не можат да го напуштат телото. Ова е причината зошто толку многу мажи со азооспермија не можат да имаат деца.

Постојат два типа на азооспермија:

-          Опструктивна азооспермија

Опструктивната азооспермија е застапена кај 40% случаите на азооспермија. Тоа се случува кога блокадата во семеноводите ја спречува спермата да се измеша со ејакулатот.

-          Не–опструктивна азооспермија

Не-опструктивната азооспермија е застапена кај 60% од случаите. Тоа се случува кога изостанува производството на сперматозоиди во вашето тело, што е резултат на хормонален дисбаланс.

Колку често заболување е азооспермијата?

Од азооспермија се погодени само 2% од машката популација, но оваа стапка е многу повисока кај мажите кои се подложуваат на третмани за плодност. Се смета дека помеѓу 10-20% од мажите, кои лекуваат неплодност, страдаат од азооспермија. Повеќето од овие мажи имаат мало, или никакво ниво на сперматозоиди во ејакулатот.

Симптоми на азооспермија

За жал, многу е тешко да се препознае азооспермија без соодветно испитување. Тоа е затоа што не постојат симптоми кои се поврзани со ова заболување. Вие најверојатно ќе имате ејакулат со нормална боја и текстура и ќе имате мали потешкотии со ејакулацијата. Само спермограмот може да ја дијагностицира состојбата.

Причини за азооспермија

Постојат две главни причини за азооспермија: Проблем со производство на сперматозоиди и проблем со транспорт на сперматозоидите и нивно мешање со ејакулатот. Постојат различни фактори кои можат да придонесат на секоја од овие причини.

Проблеми со производство на сперматозоиди

Понекогаш, азооспермијата е резултат на дисфункција во рамките на самите тестиси, што му оневозможува да вашето тело да произведе доволно квалитетна сперма. За да се произведат сперматозоиди потребно е да се присутни правилни клетки во тестисите и со  правилни хормони да се стимулира производството на сперматозоиди. Неможноста за производство на сперматозоиди најчесто е резултат на:

-          Хормонални абнормалности – Понекогаш вашето тело не може да произведе доволно неопходни хормони, кои се вклучени во производството на сперматозоиди, предизвикувајќи азооспермија. Хормоналните дисбаланси може да ги предизвика користењето на анаболни стероиди и Синдромот на Кушинг.

-          Крипторхидизам – е состојба во која вашите тестиси не се правилно спуштени. Овој проблем вообичаено се корегира во детството, но сепак, доколку тоа не е санирано, вашите тестиси нема да бидат во можност правилно да произведуваат сперма.

-          Васкуларна повреда – Повредата на тестисите, или на крвните садови во нив, може да го спречи телото да произведува сперматозоиди.

Проблеми при транспорт на сперматозоидите

Овие проблеми најчесто се предизвикани од:

-          Вазектомија - Вазектомија или машка стерилизација е операција при која се подврзуваат семеводите кај мажот. На тој начин се оневозможува патот на сперматозоидите надвор од тестисите.

-          Конгинетално отсуство на семеноводи – Некои мажи се раѓаат без семеноводи – мали каналчиња кои ја носат спермата во уретрата пред ејакулација.

Недостатокот на сперматозоиди во ејакулатот не налага веднаш лечење со тестостерон, како што често се практикува. Лечењето со тестостерон би имало ефект само кај мажи кај кои е докажан проблем со неговото производство. При генетски проблеми, тестостеронот е непотребен и нема ефект

Постои утврдена програма по која работат докторите во светски рамки, откако ќе дијагностицираат азооспермија. Основните цели на програмата се:

-          Да обезбедат брза и квалитетна информација на мажот со азооспермија, во врска со можните причини за неговата состојба

-          Да одржат соодветна консултација со двојката, која за прв пат се среќава со овој проблем

-          Да спроведат лекување и по потреба да побараат помош од експерти кои работат во земји со напредна репродуктивна медицина

-          Да ги објаснат процедурите на асистираната репродукција, погодни за конкретниот пациент и со согласност со желбата на партнерот

-          Да пружат психолошка поддршка на двојката и да им ги објаснат потешкотиите кои треба да ги надминат.

Ви посакуваме што побрзо да зачнете!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Сексуалниот живот додека се обидувате да з...
Кога желбата за бебе ќе стане дел од секојдневието, интимноста понекогаш лесно може да се претвори во „задача“.
11
Видео: Како сперматозоидот се претвора во ...
Бременоста е прилично комплициран процес кој има неколку чекори. Се започнува со сперматозоид и јајце-клетка
10
Што има во чинијата на идниот татко?
Кога се планира бременост, грижата за здравјето не е само „женска работа“.
5
Користење тестови за утврдување овулација
Сe повеќе жени се одлучуваат да користат тестови за утврдување на овулација или затоа што активно се обидуваат да забрем...
4




Анкета

Изберете го најубавото име:
Sasha24

Изберете го најубавото име:

Елена (0%)

Емилија (0%)

Теодора (100%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!