|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

3 убави работи кои ќе ви помогнат да забремените

Редакција Рингераја, 25.1.2018
Постојат три многу пријатни работи кои секоја жена може да ги прави за да ги зголеми своите шанси за забременување - спиење, пиење црвено вино и консумација на смути

image
/11


 

СОН


Добриот сон помага да бидат оплодени јајце клетки кај 62,9% од жените, додека кај оние кои страдаат од ненаспаност и силни нарушувања во спиењето само 48,4% успеваат да забременат. Третата група во студијата со просечен квалитет на спиење изнесува 57,1%.

Резултатите се од ново истражување на јапонски научници од клиниката Ханабуса во Кобе меѓу 208 жени, кои имале тешкотии во зачнувањето на бебе.

Добриот ноќен сум може да се покаже како еден од важните секојдневни навики кај жените за подобрување на нивната фертилност (природна способност за зачнување на потомство) и така да ја зголеми веројатноста да забременат, коментираат експертите.

Нередовната и умерената потрошувачка на алкохол има позитивно влијание врз плодноста, велат експертите. Ова може да се должи на поволниот ефект од умереното количество алкохол, кој ве ослободува од стресот и помага при заспивањето.

 

1

 

 

Црвено вино

 

Ова доаѓа во поддршка на резултатите од друго истражување на американските научници од Вашингтонскиот универзитет во Сент Луис, според кои потрошувачката на барем 5 чаши црвено вино месечно ја стимулира плодноста на жените - или тоа е околу една чаша неделно.

Излегува дека само црвеното вино влијае позитивно врз резерва од фоликули кај дамите - за разлика од белото вино, пивото и други пијалоци.

Клучна компонента кај црвеното вино е ресвератрол - антиоксиданс кој ги штити клетките во организмот од биолошкиот стрес. Супстанцата уште е содржана во какао и боровинки.

Резултатите опфатија 135 жени меѓу 18 и 44-годишна возраст. Авторите на студијата категорично велат дека дамите не треба да ја злоупотребуваат потрошувачката на црвено вино, иако ефектот е присутен кај 5 или повеќе чаши секој месец.

 

2

 

Смути

Ако и тоа не ви е доволно, знајте дека според резултатите од истражувањето на британските научници од Универзитетот во Саутемптон, потрошувачката на овошно cмyти cо омега-3 масни киселини и витамин D ги зголемува шансите на жените да создадат потомство cо 5%.

 

3

Десет совети за побрзо зачнување
Многу парови поминуваат месеци и години обидувајќи се да не забременат, се додека не сфатат дека забременувањето е многу...
10
Изгубив надеж за дете, по 8-те спонтани аб...
Ќе ве запознаеме со Стефани Мерит - 38-годишна жена, која имала 8 спонтани абортуси во рок од 6 години. Тие се случиле ...
4
Седум начини за побрзо забременување
Сакате да забремените баш сега! Секако, оваа задача сакате да ја решите како и сите други задачи и работни обврски. Но,...
4
Најдобар секс за забременување
За да се забремени мора да се поклопат повеќе работи, но во секој случај најважно од се е соодветното време. Како можеме...
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Кога?
Jana9

Кога го дознавте полот на бебето?

3-4 месец (44%)

5-6 месец (44%)

7-8 месец (11%)

9 месец (0%)

Не несакавме да го знаеме полот (0%)


Број на сите гласови: 9

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!