|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Развојни фази

Движења на бебето
Доенчето може во лежечка положба на стомак малку да ја подигне главата, но сеуште не е способно да ја држи подолго време исправена. Исто така сеуште неможе да се потпира на рацете, затоа што и рацете и нозете му се згрчени. Кога лежи на грб, раката и ногата, кои се на страната на главата, се испружени, а на спротивната страна се згрчени. Рацете и понатаму се стиснати во тупаници со палците одозгора. Движењата на рацете и нозете се и понатаму неконтролирани и без смисла. Пред крај на овој месец, поголемиот број на новороденчињата имаат толку цврсти вратни мускули што може на моменти да ја држат главата исправена, а после тоа главата им паѓа напред (постојаното држење на главчето е задолжително!) Кога сте со него, често ставајте го да лежи на стомак (на Вашите колена, или на кревет), колку повеќе ја исправа главата, толку побрзо ќе ги зацврсти вратните мускули.

Новороденчето сега може кратко време да следи со поглед некој предмет во близина (но сеуште најдобро гледа на оддалеченост од 20-30 cm) Со главата и очите го следи изворот на светлина, сака да гледа контрастни предмети и светли бои, а сака и шарени играчки. Од играчките повеќе му се допаѓаат Вашите лица, посебно Вашите очи.

Се појавуваат и првите насмевки. Пред крајот на првиот месец насмевките стануваат свесни (не се веќе случајни), а детето може да воспостави и контакт со очите. На повеќето дразби од околината детето сеуште реагира рефлексно (ненамерно). Ако му ставиме предмет на дланката, детето јако ќе го стегне (рефлекс на фаќање). Понудете му го својот прст и уверете се сами!

Истражување на околината

Доенчето ја истражува околината со сите сетила: слухот му е потполно развиен, додека видот во потполност ќе се развие во втората половина на првата година. Засега остро гледа на раздалеченост од 20-30 cm. Најмногу сака на гледа лица, а поготово очи. Од звуците најдраги му се високи гласови (женски) и со задоволство се одзива на мајчиниот глас. Мирен, познат глас го смирува и утешува. Кога ќе има отприлика шест недели, почнува да гуга..

Пред крајот на вториот месец се појавуваат свесни насмевки. Исто така доенчето на насмевка одговара со насмевка и воспоставува контакт со очите. Пред тоа насмевките се случајни или се израз на задоволство.

Комуникација на бебето

При изненадни звуци(гласови или шумови) детето се смирува, очите и главата ги врти накај изворот на звук, но сеуште не може точно да локализира од каде потекнува звукот. Со отприлика шест недели, почнува да му одговара на родителите со насмевка и гугање. Плачот е сеуште единствен начин за изразување на детските потреби и желби. Иако на почетокот ќе Ви се чини дека плачот е секогаш ист, сега веќе можете да го препознаете репертоарот на бебето и можеби веќе разбирате што сака.

Развојот на говор најчесто зависи од количеството на време кое му го посветувате, како и од семејното опкружување. Бебињата на кои родителите му посветуваат повеќе внимание и повеќе им зборуваат се позборлести. Играњето со рачињата и гугањето се најчестата забава на новороденчето. Секако, тие први гласови не претставуваат говор, затоа што со нив доенчето не Ви порачува ништо, туку сака да го привлече вниманието на родителите и да воспостави контакт со нив.

Прочитајте уште

Моето доенче
Развојни фази
Спиење
Доење и дохрана
Здравје и нега



Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?