Calypso
|
Илија библиско име,кое на еврејски има значење „мојот бог е Јехова“ или сила Господова. Свети Илија е старозаветен пророк и новозаватен христијански светител. Се слави на 2-ри август, како строг и непоколеблив проповедник на етички вредности врз кои е втемелена христијанската вера. Присутен е и во Стариот и во Новиот завет како пророк, чии особини со стравопочит ги презело христијанството, врзувајќи го со настанувањето на новата вера и новото доаѓање на Христа. Неговото име на еврејски значи сила Господова. Се смета дека Св. Илија бил помеѓу пророците кои на Тавор му се поклониле на Исус Христос на денот на Преображението Господово, кога им се јавил на своите ученици со поуки од новата вера, па затоа неговиот лик се слика на преображенски празнични икони. На нив се претставува или како на огнени кочии оди на небото, или како држи нож в рака- знак дека со него се заклани 450- мина лажни Валови зреци на ридот Камил, или, пак, како седи во пештера каде што се скрил од горделивиот цар Ахав, а гавран му донесува храна. Присутен е во визијата на Св. Јован Богослов, во која неговата улога се врзува за иднината на христијанската вера- второто доаѓање на земјата на Христос Спасителот и новото преображение кому му се надева и во кое верува христијанскиот свет. Илија живеел во Израил, во 9-от век пред Христа. Тогашниот цар Ахав, под влијание на својата жена Језавења, ја напуштил верата Мојсеева и наместо Јехова славел туѓи богови. Пророкот Илија му се спротивставил префрлувајќи му за отпадништво и му прорекол суша и глад. Правел чуда низ кои Бог им ја покажувал на Израилите својата праведност. Поради неправдите што му ги правел царот на народот и лакомоста, тој му прореок дека нему и на неговата жена кучиња ќе им ја лижат крвта по смртта, што и се обистинило. „Пророкот Илија одел низ Ханан во придружба на својот ученик Јелисиј. Кога стигнаа во Ерихон, пред педестмина други пророци удри со плаштот по Јордан и водата се раздели на две страни. Кога минаа на другиот брег се крена страшен виор, гонета кола со огнени коњи ги разделија и во виорот го однесоа Илија на небото“. Според тоа, Свети Илија не умрел, туку жив отишол на небо. Народот многу природни појави му ги припишува на Свети Илија, како и многу особини од старословенскиот бог Перун, кој управувал со молњите и громовите. Според народната традиција, тој се вози во огнени кочии што ги влечат четири коњи, од чии ноздри избива пламен, а грмотевицата е татнеж на неговите кочии со кои се вози низ небото и облаците. Празникот на Свети Илија Громовникот, 2-ри август, паѓа во најсушниот и најтоплиот период од годината, а обичај е на тој ден да не се работи во поле- за да не се навлече гневот на светителот.
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
|