|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Висока алкална фосфатаза
25.5.2009 23:41:31   
biljanaM
Ја отварам темава бидејќи ме интересираат ваши мислења околу ова прашање. Моето синче од мало има висока алкална фосфатаза, случајно го откривме ова,премногу се потеше, лекарите велат дека е знак за рахитис, но рендген снимките покажаа дека нема занчи за рахит, во скоро време ке одиме за ск, за да видиме дали се намалила вредноста со тек на времето, бидејќи почнуваше постепено да се намалува.

_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Висока алкална фосфатаза
26.5.2009 7:44:40   
Еца
Билјана мислам дека засега нема место за страв, од она што најдов и прочитав, нормални се покачени вредноси кај деца во раст и развој, како и кај трудници, но сепак проверка обавезно направете и пиши како сте поминале и што ви кажалеuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Висока алкална фосфатаза
13.9.2009 0:13:46   
biljanaM
Значи вредноста на алк.фосфатаза е многу намалена. Најпрво беше скоро трипати повеке од нормалната вредност,(1500 единици, а нормалната вредност кај деца е До 600) подог период беше така значи ептен малце ке се намалеше, па ке се покачеше, пред пола година се намали на 1000 што е пак високо, сега пред една недела правевме проверка, што дури и д-рката се изненади вредноста на алк.фос. е 800, за 200 единици повеке од нормалната што значи дека нема место за паника, педијатрите од Детска клиника уште при првите контроли, односно кога првпат му ставивме инекција Д3 рекоА дека може бавно да се намалува вредноста на аф, но дека ке се намали, на педијатарот во Радовиш што ни е му бевме прв ваков случај.....

< Поракaта ја уредил biljanaM -- 13.9.2009 0:15:02 >


_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Висока алкална фосфатаза
13.9.2009 1:18:40   
nadica
леле е сега се уплашив и надица многу се поти ама рекоа дека е во ред т.е. не е рахитична а како открија пиши поопширно те молам

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Висока алкална фосфатаза
9.7.2010 23:44:33   
biljanaM
Воислав се потеше претерано значи нон стоп беше жива вода, му земаа крв и преку неа се измери вредноста на алкална фосфатаза.....излезе дека со причина детето се потело...

_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Висока алкална фосфатаза
6.2.2013 8:53:58   
Junona
Мојот М.има 5 год ,болки во коленцата и вредност од 537 за АЛФ.Дали иманекој вакво искуство со висока АЛФ и како го решивте проблемот?

_____________________________

„Не стануваме попаметни од она што сме го чуле,туку од она што сме го доживеале“.

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Висока алкална фосфатаза
5.2.2014 22:45:56   
Палешка РР
Денес и моја блиска позната личност откри дека детето има висока алкална фосфатаза ( но не знам вредност и рекле тродупло) и искрено сите се извадивме од памет.
Ја пратија на Детска Клиника на испитување....се надевам на најдобро! user posted image

Дали некој има искуство со ова?

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Junona)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Висока алкална фосфатаза
7.2.2014 12:34:12   
Палешка РР
Бидејќи многу малку се знае за оваа тема, па да напишам став на докторите од Детска Клиника, пренесен на мојата пријателка.

Вредноста на алкална фосфатаза кај деца до 12 години, кои се во забрзан раст и развој е до 1500.
На детето му беше 537 и споредено со референтни вредности за возрасен било високо па ја упатија на Детска Клиника.

Важно СЕ е во ред со детето, ехо, рентген, вредностите се ВО нормала за дете.

Ете така мамички.

< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 7.2.2014 12:35:22 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Висока алкална фосфатаза
7.2.2014 12:59:47   
Melanija RR
Зошто ја испаничиле кога вредноста е во ре???Не разбирам user posted image
Но важно се е во ред со дететоuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Висока алкална фосфатаза
7.2.2014 13:04:57   
vezilka RR
ФАла богу што е добро детето. А за (не)знаењето на докториве, ич да не отворам муабет user posted image .

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Висока алкална фосфатаза
7.2.2014 13:14:50   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Зошто ја испаничиле кога вредноста е во ре???Не разбирам user posted image
Но важно се е во ред со дететоuser posted image


За возрасни вредноста била до 120, а за деца во раст и до 1500 се толерирало.
Ама нели возрасен развиен човек и дете во раст не е исто...

< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 7.2.2014 13:15:43 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Висока алкална фосфатаза
21.9.2014 16:34:35   
Соња Штип
Деновиве кај синчето(има 13 год.) вршевме испитувања на крвта и резултатите покажаа повишен билирубин од 34 кај еден резултат а наредниот ден 40 (зборувам за вкупниот билирубин-барем така мислам дека е наречен) но со малку поинакви вредносни показатели, всушност ми кажаа дека резултатот бил ист. Алкалната фосфатаза беше 935 а во Штип за деца била дозволена 644. Во лабараторијата на болницата при реф. вредности од 50-136(кај нив имале само еден вид испитување односно и кај возрасни и кај деца ги земаат истите показатели) резултатот беше 434, LDH изнесуваше 459.9.Тоа беа резултати кои одстапуваа од нормалните. Извршивме преглед- ехо на црн дроб, бубрези, внатрешни органи..., се беше во ред. Извршивме преглед на крвта за утврдување на евентуална прележана жолтица сите маркери беа негативни, така да отфрливме можност за жолтица. Во последната година синчето нагло порасна, некаде два до три броја на обувки. Дури и самата бев изненадена кога требаше да купиме нови патики, два броја надминал. Прочитав на форумот дека постојат искуства и со повисоки вредности на Алкална Фосф. и над 1000 единици. Се надевам дека и нашето искуство некому ќе помогне, и дека ова е сепак една од можностите за комуникација и размена на искуства меѓу родителите...Позитивно е секој родител кој има можност до го сподели искуството во едно вакво динамично време но и широки можности на комуникација.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 12
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Пелени.
пеперутка16

Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?