Висока алкална фосфатаза (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца



Порака


biljanaM -> Висока алкална фосфатаза (25.5.2009 23:41:31)

Ја отварам темава бидејќи ме интересираат ваши мислења околу ова прашање. Моето синче од мало има висока алкална фосфатаза, случајно го откривме ова,премногу се потеше, лекарите велат дека е знак за рахитис, но рендген снимките покажаа дека нема занчи за рахит, во скоро време ке одиме за ск, за да видиме дали се намалила вредноста со тек на времето, бидејќи почнуваше постепено да се намалува.




Еца -> RE: Висока алкална фосфатаза (26.5.2009 7:44:40)

Билјана мислам дека засега нема место за страв, од она што најдов и прочитав, нормални се покачени вредноси кај деца во раст и развој, како и кај трудници, но сепак проверка обавезно направете и пиши како сте поминале и што ви кажале[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/pikapoka2.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/9nebesa.gif[/image]




biljanaM -> RE: Висока алкална фосфатаза (13.9.2009 0:13:46)

Значи вредноста на алк.фосфатаза е многу намалена. Најпрво беше скоро трипати повеке од нормалната вредност,(1500 единици, а нормалната вредност кај деца е До 600) подог период беше така значи ептен малце ке се намалеше, па ке се покачеше, пред пола година се намали на 1000 што е пак високо, сега пред една недела правевме проверка, што дури и д-рката се изненади вредноста на алк.фос. е 800, за 200 единици повеке од нормалната што значи дека нема место за паника, педијатрите од Детска клиника уште при првите контроли, односно кога првпат му ставивме инекција Д3 рекоА дека може бавно да се намалува вредноста на аф, но дека ке се намали, на педијатарот во Радовиш што ни е му бевме прв ваков случај.....




nadica -> RE: Висока алкална фосфатаза (13.9.2009 1:18:40)

леле е сега се уплашив и надица многу се поти ама рекоа дека е во ред т.е. не е рахитична а како открија пиши поопширно те молам




biljanaM -> RE: Висока алкална фосфатаза (9.7.2010 23:44:33)

Воислав се потеше претерано значи нон стоп беше жива вода, му земаа крв и преку неа се измери вредноста на алкална фосфатаза.....излезе дека со причина детето се потело...




Junona -> RE: Висока алкална фосфатаза (6.2.2013 8:53:58)

Мојот М.има 5 год ,болки во коленцата и вредност од 537 за АЛФ.Дали иманекој вакво искуство со висока АЛФ и како го решивте проблемот?




Палешка РР -> RE: Висока алкална фосфатаза (5.2.2014 22:45:56)

Денес и моја блиска позната личност откри дека детето има висока алкална фосфатаза ( но не знам вредност и рекле тродупло) и искрено сите се извадивме од памет.
Ја пратија на Детска Клиника на испитување....се надевам на најдобро! [sm=smiley31.gif]

Дали некој има искуство со ова?




Палешка РР -> RE: Висока алкална фосфатаза (7.2.2014 12:34:12)

Бидејќи многу малку се знае за оваа тема, па да напишам став на докторите од Детска Клиника, пренесен на мојата пријателка.

Вредноста на алкална фосфатаза кај деца до 12 години, кои се во забрзан раст и развој е до 1500.
На детето му беше 537 и споредено со референтни вредности за возрасен било високо па ја упатија на Детска Клиника.

Важно СЕ е во ред со детето, ехо, рентген, вредностите се ВО нормала за дете.

Ете така мамички.




Melanija RR -> RE: Висока алкална фосфатаза (7.2.2014 12:59:47)

Зошто ја испаничиле кога вредноста е во ре???Не разбирам [sm=zmeden.gif]
Но важно се е во ред со детето[sm=smiley1.gif]




vezilka RR -> RE: Висока алкална фосфатаза (7.2.2014 13:04:57)

ФАла богу што е добро детето. А за (не)знаењето на докториве, ич да не отворам муабет [sm=zmeden.gif].




Палешка РР -> RE: Висока алкална фосфатаза (7.2.2014 13:14:50)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Зошто ја испаничиле кога вредноста е во ре???Не разбирам [sm=zmeden.gif]
Но важно се е во ред со детето[sm=smiley1.gif]


За возрасни вредноста била до 120, а за деца во раст и до 1500 се толерирало.
Ама нели возрасен развиен човек и дете во раст не е исто...




Соња Штип -> RE: Висока алкална фосфатаза (21.9.2014 16:34:35)

Деновиве кај синчето(има 13 год.) вршевме испитувања на крвта и резултатите покажаа повишен билирубин од 34 кај еден резултат а наредниот ден 40 (зборувам за вкупниот билирубин-барем така мислам дека е наречен) но со малку поинакви вредносни показатели, всушност ми кажаа дека резултатот бил ист. Алкалната фосфатаза беше 935 а во Штип за деца била дозволена 644. Во лабараторијата на болницата при реф. вредности од 50-136(кај нив имале само еден вид испитување односно и кај возрасни и кај деца ги земаат истите показатели) резултатот беше 434, LDH изнесуваше 459.9.Тоа беа резултати кои одстапуваа од нормалните. Извршивме преглед- ехо на црн дроб, бубрези, внатрешни органи..., се беше во ред. Извршивме преглед на крвта за утврдување на евентуална прележана жолтица сите маркери беа негативни, така да отфрливме можност за жолтица. Во последната година синчето нагло порасна, некаде два до три броја на обувки. Дури и самата бев изненадена кога требаше да купиме нови патики, два броја надминал. Прочитав на форумот дека постојат искуства и со повисоки вредности на Алкална Фосф. и над 1000 единици. Се надевам дека и нашето искуство некому ќе помогне, и дека ова е сепак една од можностите за комуникација и размена на искуства меѓу родителите...Позитивно е секој родител кој има можност до го сподели искуството во едно вакво динамично време но и широки можности на комуникација.




Страница: [1]