Hopeful RR
|
Фрлено е од одамна Инаку, јас по препорака на педијатар, по заспивање, си правам од вечер две дози АД, за секое бебе по една, и ги ставам во фрижидер. Кога им доаѓа време за јадење, ако не им е доволно ноќното цицање, го стоплувам под млаз топла вода или во чаша со топла вода и веднаш се смлачува. Ако не се допие таа количина, пак во фрижидер за следен оброк. Ова го практикувам веќе неколку недели и функционира ок. На мм му е поедноставно да меша АД по потреба ноќе, но јас сум толку поспана што многу ме мачи да гледам на дозерки, милилитража на шишенца... А за измолзено млеко, имаме посебна тема, но на кратко - сега на топлово, седи на собна температура 3 часа, во фрижидер 3 дена, во замрзнувач 3 месеци.
< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 21.7.2015 16:07:45 >
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|