Mila na mama
|
Мамички внимателно!!! 70 полициски камери ќе ловат прекршоци Безбедносните камери 24 часа дневно ќе бележат дали возачот поминал на црвено светло, дали не пропуштил пешак..., а казните на уловените ќе им стигнуваат дома Повеќе од 70 полициски камери на најфреквентните раскрсници во градот ќе снимаат сообраќајни прекршоци. Безбедносните камери 24 часа дневно ќе бележат дали возачот поминал на црвено светло, дали не пропуштил пешак, дали непрописно се престројува и престасува. Министерството за внатрешни работи не сака да ги открие точните локации кои ќе се снимаат, но "Вест" дојде до списокот на раскрсниците и улиците на кои ќе се ловат несовесните возачи. Надлежните сметаат дека граѓаните треба да ги почитуваат сообраќајните правила на сите раскрсници, а не само онаму каде што знаат дека има поставено камери. Од МВР не прецизираат кога ќе почне снимањето и казнувањето на ваков начин. Казните на шоферите што ќе ги улови камерата, ќе им стигнуваат дома. За минување на црвено светло или за непропуштање пешак, граѓаните што ќе ги улови камерата, ќе треба да платат казна од 300 евра. Доколку казната ја платат во рок од седум дена, тогаш таа им се намалува за 50 отсто. Според објаснувањето од Министерството за внатрешни работи, камерите ќе бидат поврзани со специјалниот центар за следење на нивната работа и, по дневниот преглед, ќе се пишуваат казните. Поставувањето на камерите е веќе во тек, и први со ваква контрола ќе бидат булеварите Партизански одреди и Јане Сандански. Освен на семафорите, камери ќе се ставаат и пред мостовите. На посебни железни конструкции во форма на буквата П, полициските камери ќе снимаат што сe се случува и на ваквите премини. Од МРВ велат дека поставувањето на камери на сообраќајниците се прави по урнек на безбедностите системи кои ги имаат големите европски метрополи. Од таму очекуваат со поставувањето на камерите да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да придонесат при расветлувањето на разни кривични дела. Иако повеќе месеци се веќе поставени, камерите кај некогашната фабрика "Алумина", на улица Теодосиј Гологоганов не снимаат. И тие, како и останатите ќе профункционираат кога ќе се постави системот на сите посочени локации. Во моментов се копааат сите раскрсници на булеварот Партизански одреди за поставување на каблите. Градоначалникот на Општина Карпош Стевче Јакимовски подготвува кривична пријава за формата која ги врши работите за МВР бидејќи, по копањето, ги остава тротоарите со дупки. Локации кои први ќе добијат видеонадзор - булеварот Партизански одреди, кај зградата "Тифани" - раскрсницата на Партизански одреди со булеварот Климент Охридски - раскрсницата на Партизански одреди со улицата Рузвелтова - раскрсницата на Партизански одреди со булевар 8 Септември - раскрсницата на Партизански одреди со улицата Никола Парапунов - раскрсницата кај надвозникот Влајко во населбата Влае - пред мостот Обединети нации во населбата Карпош 4 - улицата Теодосиј Гологанов, кај "Алумина" - раскрсницата на улица Теодосиј Гологанов со булевар Климент Охридски - семафорите кај зградата на некогашна "Нова Македонија" - "Рекорд" - булевар 11 Октомври, на раскрсницата кај Градска болница - булевар 11 Октомври, на раскрсницата кај Црвен крст - Раскрсницата кај Комплексот банки - булевар Јане Сандански не семафорите кај новата Железничка станица - булевар Јане Сандански на раскрсницата кај ТЦ "Скопјанка" - булевар Јане Сандански на раскрсницата кај ТЦ "Три бисери" - булевар Јане Сандански на раскрсниците пред и по ТЦ "Бисер" - раскрсницата на булевар Јане Сандански и булевар Србија - пред мостот Гоце Делчев - семафорите на булеварот Гоце Делчев, кај ТЦ "Мавровка" - раскрсницата на Бит-пазар - пред Железничкиот мост на улицата Адолф Циборовски, во населбата Хром - улицата Илинденска, кај Владата. извор: Вест
_____________________________
love u all
|