|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   лошо сошиена епизиотомија
20.5.2009 23:12:19   
mami
на многу мајки при породувањето за да недојде до расцепување на меѓичката им прават епизиотомија- хируршко расекување кое по породувањето се шие. При шиењето се става локален анестетик кој трае доста кратко. Е сега се случува некогаш лошо да е сошиена па мама после има проблеми со мокрењето, седењето, а за сексот воопшто и да не разговараме. Што правиме тогаш? Те сечат па и шијат наново? или ке си трпиш до следната бременост за пак да распука или што?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: лошо сошиена епизиотомија
17.6.2009 10:11:10   
mami
луѓе дајте совет, ке пукнам, зарем е нормално после една година сеуште да ме боли раната при секс?не многу ама затегаuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: лошо сошиена епизиотомија
17.6.2009 10:13:33   
Еца
Мами дали ти скоро беше на гинеколог, и што ти рече тој по ова прашање?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: лошо сошиена епизиотомија
17.6.2009 10:16:53   
mami
ма бев...на 6 месеци после породување, му кажав и ми вика, ништо не е ке помине..ама некако ми е чудно толку долго да поминува? се си мислам дека не ми е како што треба user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: лошо сошиена епизиотомија
17.6.2009 10:33:45   
Еца
Те прашувам сега скоро, зошто не ти поминува  а болката е присатна?Занчи закажи преглед и оди, а и јас ќе се распрашам за оваа тема малку повеќеuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: лошо сошиена епизиотомија
17.6.2009 10:39:47   
mami
да да ке закажам сега и онака треба да одам за пап

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: лошо сошиена епизиотомија
7.8.2009 21:16:56   
Natasha5
eve pomina mesec i 5 dena ,ne znam dali e loso sosiena ama seuste me boli,posebno na promena na vremeto.Do koga ke boli?????user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: лошо сошиена епизиотомија
7.8.2009 21:22:01   
mami
ххаха и јас тоа го прашував и гин. ми рече само - има време...кај тебе е уште рано, јас сеуште осекам болки а докторот упорно ме убедува дека се е во ред сошиеноuser posted image

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: лошо сошиена епизиотомија
7.8.2009 22:15:59   
mis.
Откако се породив со првото дете имав доста болки на раната и ја прашав патронажната сестра до кога ќе ме боли и она вика јас се породив пред 15 год и сеуште ме боли.Се растажив но што е тука е имала право,сеуште ме боли после 5 год при промена на време.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: лошо сошиена епизиотомија
7.8.2009 22:18:25   
mami
Братучетка ми со првото се породи во Државна и после тоа ја болеше раната до второто (разлика 22месеца) со второто се породи во Ре медика, незнам кој ја пораѓал ама не ја сечеле и тој кога ја видел и рекол- ај те молам додека си под анестезија да ти ја прешијам раната многу ти е лошо сошиена и и ја средил и сега нема никакви болки

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: лошо сошиена епизиотомија
7.8.2009 22:26:50   
Natasha5
aman be tolku li dolgo ke boli.leleeeeeeeeee a uuuuuu 

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: лошо сошиена епизиотомија
7.8.2009 22:28:08   
mami
ке боли ама не толку јако како што те боли сега..јас првите 40 дена се на страна седев, неможев нормално или во полулежеча положба бев, така и ми беше позгодно за доење

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: лошо сошиена епизиотомија
7.8.2009 22:33:22   
Natasha5
mami ako boli vaka sto ke pravam za vodenje ljubov????user posted image a?

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: лошо сошиена епизиотомија
7.8.2009 22:35:34   
mis.
немој да те пласи нисто.се ке се норамализира само треба време,неможе преку ноќ.Па породена си само пред месец дена.

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: лошо сошиена епизиотомија
7.8.2009 22:39:10   
Natasha5
dada toa e tocno rano e uste ama kako sto kazuvate deka dolgo bolelo uhhhhhhuser posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: лошо сошиена епизиотомија
7.8.2009 22:47:55   
mami
абе не се секирај за водење љубов...мене стварно ми требаа 3 месеци за конечно да се опуштам(мм мислам дека ке ме убиеше последните денови) ама затоа после се навикнав и си научив во која положба треба да се наместам за да не боли..ке се нормализира се, чекај па вие уште ред немате на цицањето а не па водење љубов..трпение спасение, како рекле старите

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: лошо сошиена епизиотомија
7.8.2009 23:16:47   
Викторија
NATASA5 PROBAJ DASE MACKASSO KANTARIONOVO UJLJE MENE MNOGU MI POMOGNA 

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: лошо сошиена епизиотомија
7.8.2009 23:19:14   
Natasha5
dada se mackav,ranata e zazdravena ama uste custvuvam bolka

(Одговор на членот Викторија)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: лошо сошиена епизиотомија
7.8.2009 23:21:10   
Tanja K.
Jas pak otkako se porodiv uste vo bolnica pocnav da sedam na tvrda stolica.Site se cudea ,kako ne me boli ranata.No ne sum secena ,tuku pri izleguvanje na postelkata malku sum puknala i imav samo 2konca.Nemav nitu togas nitu sega problem so ranata.

(Одговор на членот Викторија)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: лошо сошиена епизиотомија
19.10.2009 22:05:45   
Bile
od mojata poloso sosiena rana ne veruvam deka ima. ova go velam od pricina sto posle poroduvanjeto otkako me pustija doma jas sekoj vtor den odev na prevrska na ranata megutoa i toa ne pomogna pa moraa povtorno secenje i sienje i toa se utna i sega imam cvor i edvaj sedam

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: лошо сошиена епизиотомија
19.10.2009 23:24:07   
niki
Ау, ме наеживте зар и тоа има?15 години да боли рана, страшно, дури да не ти се верува. 
Мене не ме сечеа малку пукнав, два конци шиена и никаква болка не чувствувам сега, нормално првиот месец додека заздраве ме болеше ама се врати во нормала и никаков проблем немам.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Bile)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: лошо сошиена епизиотомија
19.10.2009 23:33:57   
STRUMFETA
mene me mnogu bolese ranata okolu mesec dena.Bev i vnatresno ispukana i secena pa nemozev da sedam,a obvrskite site samo na mene,postojano sama doma,i ednostavno morav da naviknam.I sega eve posle 5 meseci cuvstvuvam ponekogas nekoja tapa bolka,pogotovo koga se menuva vremeto.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: лошо сошиена епизиотомија
11.11.2009 11:10:44   
mami
Епизотомијата е хируршка интервенција, која се прави непосредно пред породувањето. Епизотомијата се прави така што се сече перинеумот - мускулниот дел помеѓу вагината и анусот, со цел да се прошири вагиналниот отвор. Некои лекари оваа постапка ја прават рутински, особено ако се работи за прво породување на жената. Епизотомијата се прави со цел да се убрза породувањето и заради уверувањето дека хируршкиот рез од епизотомијата ќе заздрави полесно од евентуалнотот спонтано раскинување на перинеумот. Во минатото многу од стручњаците сметале дека епизотомијата ќе помогне и за да се намали шансата за јавување на неконтролирано испуштање на урина или измет. Но во изминатите две декади се направени голем број на студии, кои покажуваат дека овие уверувања не се точни. Всушност овие студии покажауваат дека рутински извршуваната епизотомија, не само што не помага, туку понекогаш и ја влошува ситуацијата. Заради оваа причина во многу западни земји епизотомијата веќе не се препорачува како рутинска процедура.

СПОНТАНО РАСКИНУВАЊЕ ИЛИ ЕПИЗОТОМИЈА

Истражувањата покажуваат дека жените кај кои дошло до спонтано раскинување на перинеумот имаат помалку компликации и заздравуваат побрзо од оние кај кои била направена епизиотомија. Жените кај кои се прави епизиотомија имаат поголемо крварење за време на породувањето, повеќе болки за време на опоравувањето и покасно имаат подолго време неугодност или болка при сексуалните односи. Исто така кај овие жени ризикот од инфекции е поголем. Студиите уште покажале дека кај жените - кај кои е направена епизиотомија при првото породување, има поголеми шанси да дојде до раскинување на перинеумот при второто породување. Уште е докажано дека кај жените кај кои била направена епизиотомија, имало почесто распукување на перинеумот до ректалните кружни мускули или самиот ректум, што е многу сериозна состојба. Кај жените кај кои била направена епизотомија, доаѓало до распукување до кружните мускули на анусот кај една на 12 жени. Кај жените кај кои немало епизотомија овакво распукување се јавувало кај 1 на 26 жени. Објасувањето е следното: ако сакате да раскинете една ткаенина, кога на почетокот ќе направите мал засек, ќе ја скинете многу полесно. Истото важи и при епизиотомијата, кога кожата веќе е засечена, полесно доаѓа до натамошно раскинување. Ако дојде до сериозни распукнувања до аналните мускули, тогаш има голема веројатност жената да страда од неконтролирано испуштање на измет или гасови и опоравувањето ќе трае многу подолго.

ВО КОЈ СЛУЧАЈ Е ПОТРЕБНА ЕПИЗОТОМИЈА

Во некои случаи епизиотомијата може да биде корисна. На пример кога се работи за многу големо бебе, ако бебето се заглави во родилниот канал или ако при породувањето се употебуваат клешти, па на лекарот му е потребно повќе простор за маневрирање. Епизотомијата може да помогне ако бебето при породувањето е свртено наопаку, односно со нозете надолу. Епизотомијата може да биде потребна и ако се случи бебето да треба да се роди што е можно побрзо, на пример ако срцето на бебето почнува да дава знаци дека не го поднесува добро породувањето.

КАКО ДА ИЗБЕГНЕТЕ НЕПОТРЕБНА ЕПИЗОТОМИЈА

Разговарајте со вашиот лекар за неговиот став кон оваа процедура. За жал кај нас епизотомијата се уште се изведува рутински, заради старите предрасуди. Прашајте го вашиот лекар во кој случај тој би направил епизотомија. Можете да почнете со перинеална масажа 4-6 седмици пред породувањето. Според некои истражувања тоа ги намалува шансите за потреба од епизиотомија или раскинување на перинеумот.

КАКО ТЕЧЕ ОПОРАВУВАЊЕТО ПОСЛЕ ЕПИЗОТОМИЈАТА

Ако ви биде направена епизиотомија, раната ќе биде сошиена со конци кои ќе се разложат во телото. Но сепак ќе треба да помине време за нејзино заздравување. Некои жени чувствуваат болка 1 или 2 седмици, а некои по 1 месец или повеќе. Тоа ќе зависи од резот и степенот на раскинувањето, доколку дошло до него. За да си помогнете, можете да ставате мраз на тој дел од телото во следните 12 часа, но внимавајте мразот да не го држите на местото повеќе од 5 минути, за да не се попречи циркулацијата на крв. Кога ќе бидете дома можете да применувате топли седечки бањи. Местото каде што е раната нека биде суво и чисто. Исто така многу важно е да внимавате да не дојде до запек. Јадете храна богата со растително влакна за да го избегнете.

КОГА МОЖЕТЕ ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО СЕКСУАЛНИ ОДНОСИ

Перинеумот треба сосема да заздрави во рок од 6 седмици. Доколку се чувствувате спремни и лекарот утврди дека се е во ред можете да почнете тогаш. На почетокот некои жени чувствуваат извесна болка или теснотија. Понекогаш е потребно да поминат и неколку месеци за да ја снема непријатноста. Испитувањата покажауваат дека на жените кај кои била направена епизиотомија, им е потребно повеќе време за да можат повторно да почнат со нормални сексуални односи. Ќе во помогне користењето на лубриканти на база на вода и наоѓање на положба која ќе биде најпријатна за вас. Многу жени продолжуваат да користат лубрикант за време на целото доење. Причина за тоа се хормоналите промени кои ги предизвикува доењето. Доењето го намалува количеството на естроген кај жената, а една од последиците е појава на вагинална сувост.

< Поракaта ја уредил mami -- 11.11.2009 11:12:15 >

(Одговор на членот STRUMFETA)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: лошо сошиена епизиотомија
26.11.2009 13:13:48   
profesorica
мене само малку ме шиеја, не се ни осети само ме пецна и потоа немав проблеми, ставав кантарион редовно на раната и се беше во ред,со сексот почнавме веднаш по 40 дена.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: лошо сошиена епизиотомија
26.11.2009 13:28:40   
topce
и јас сум шиена и не ставав ништо и немав никакви проблеми, само со вода се миев и за 20 дена бев топ.
имав само првите 2 дена проблеми со хемороидите ама јас си ги имам одамна нив така да ништо ново не ми беше.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Dali?
Jana9

Koe vreme e naj soodvetno decata od 3-5god da si legnuvaat da spijat?

21h (40%)

22h (50%)

23h (10%)

00.00h (0%)

01.00h (0%)

Podocna (0%)


Број на сите гласови: 10

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!