|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Температура кај децата
5.11.2009 20:14:10   
Mila na mama
Мила прв пат откако е родена дигна температура. Не се испаничив многу ама чудно е. За еден саат дигна 39, плачеше. Се јавив кај педијатарот. Ја истуширав и дадов парацетамол и го поврати. Ја измасирав со алкохол и вода и едвај ја намолив да го испие сирупчето. Сама побара вода и си ја испи. Во следниот саат т. се симна на нормала. Сега нема т. весела е си игра. Утре правец на лекар.
Ви се случило вакво дигање ненадејно и исто такво спуштање???

_____________________________

love u all

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Температура кај децата
5.11.2009 20:38:48   
Mamicka3
Mila na mama кај мене синчето од кога е родено  сега има 7 год. нон стоп така дига температура одма 39.5-40 но него сируп не му ја снижува ние сме само со ефералган чепчиња.педијатарот вели таков му е организмот-тоа ти е


_____________________________

Децата се најголемо богатство
Марио 31.10.2002
Ана Марија 01.11.2005
Трајче 20.09.2009

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Температура кај децата
5.11.2009 21:23:19   
Mila na mama
Еве сега е како воопшто и да немала т. Мм и мери на секои 15 мин и ОК е. Да не и е некој заб?

_____________________________

love u all

(Одговор на членот Mamicka3)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Температура кај децата
5.11.2009 22:16:15   
mami
можно е да се мачи со некое запче, еве Лука ја тера демек двојката последна и никако да истера па најверојатно тоа му ја качи темп. пред некој ден

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Температура кај децата
6.11.2009 14:17:35   
mother 29
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25
Цела ноќ се боревме со висока температура. Нина иако имаше 39.5 температура беше насмеана и си играше. Цла вечер се туширавме, масиравме, пиевме чајче  и се пресоблекувавме. Денес е малце подобра, ама уште има висока темп. Сега одиме на лекар



ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29
ДОБРО ..не пие далерон,чепчиња не ставате,на толку висока тем.само со туширање?!user posted image



ИЗВОРНА ПОРАКА: mami
Мацо, и ние минатата недела кога качи темп поминавме само со туширање и масирање- ми го поврати сирупот- ама го масирав со свинска маст во која имаше растопено вит Ц и андол..малку го грепкаше и плачеше ама ја симнавме брзо



ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29
39,5 е многу температ,јас лично не би ризикувала само со мачкање..може грчеви да фатиuser posted image



ИЗВОРНА ПОРАКА: Весна
Еве што научив од неодамна... кога ги маситате со свинска маст не ставајте премногу за да не им ги запушите порите на кожата и исто не ги покривајте премногу за да може самиот организам да ја ослободува температурата.
И знам дека мајка ми покрај маста ми ставаше и натопени чорапи со оцет и навистина многу бргу и ефикасно делуваше.




ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica
леле и мене ми е страв за температура над 39, тоа под ито чепче треба пошто нормално го повраќаат сирупот.




ве молам,овде нека продолжи дискусијатаuser posted image

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 6.11.2009 14:29:46 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Температура кај децата
6.11.2009 14:25:02   
Mamicka3
Ама не само свинска маст се става и ракија ,сода бикарбона,андол и црн бибер малку така побрзо поминува и не ги затвара порите маста е разредена

_____________________________

Децата се најголемо богатство
Марио 31.10.2002
Ана Марија 01.11.2005
Трајче 20.09.2009

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Температура кај децата
6.11.2009 14:38:49   
mother 29
сега има чепчиња диазепам за грчеви, дури и ги препорачуваат доктирите, на толкава температура се ставаат и тие....ние немаме ставано,фала богу толкава температура до сега не сме кренале.јас на 38,5 му ставам чепче од 150 мл ..ич не му ја мислам..ја симнува и му олеснува..ама секој за себе со своето дете!ете ако е овде хапи мама,таа постручно да ни каже?!
поарно ке дадам лек,отколку после да си ја тупам главата...какви ли се само  последици можат да се направат од долготрајна и висока температура!?леллелл


< Поракaта ја уредил mother 29 -- 6.11.2009 14:39:53 >

(Одговор на членот Mamicka3)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Температура кај децата
6.11.2009 14:59:50   
srekna mama
да,точно така,при висока температура има можност за грчеви и се дава диазепам.при температура над 38-38,5 или сируп(ако не го повраќа)или чепче-со тоа што чепчето побрзо ја симнува температурата.Тушширање со млака вода,послабо облекување,покривање никако,затоа што организмот треба да се лади т.е температурата да излегува од телото,е сега мачкање со алкохол Чалкохолот прави стегање на крвните садови,а овде целта е да бидат проширени,значи крвта да циркулира површно и да се лади.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: Температура кај децата
6.11.2009 15:10:23   
Еца
Еве вака да ви напишам јас за моето искуство со температура. До 38.5 не давам сируп, а истото го прават и докторите во Козле.Имаше со мене мајка која детето и имаше Т, и сестрите и донесоа алкохол и и рекоа масирај го детето, отворивме прозорци да биде свежо во собата и само по боди да го сотави. Сестрите имаа забрана од докторите да даваат сируп за намалување на Т доколку таа не е над 38.5, па сега видете. Јас лично сум против давање сируп или чепчиња испод 38.5, но секој со своите стваови нели, не можеме сите исто да размислуваме.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот srekna mama)
Непосредна врска до пораките: 84
   RE: Температура кај децата
6.11.2009 15:31:55   
profesorica
јас сум читала дека алкохол мачкање и аналгин давање никако на мало дете/бебе.а инаку јас нас 39 давам сируп но до сега го повраќал , па со чепчињата се ослободувавме.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 85
   RE: Температура кај децата
6.11.2009 18:00:51   
Maca25
бевме денес на лекар, има само црвено грло и ништо друго. Температурата е од настинкта и грлото. И правеа крвна слика, се е ок. Сега малце и се намали тепм па малку поспавме

Дијазепам чепчиња се даваат на деца кога имаат висока темп з да ги ослободи од грчеви кои се добиваат од темп. Мислев да и дадам ноќеска, но немаше потреба, нина беше многу весела и покрај темп и не се осеќаше дека нешто не и е ок. За среќа брзо и се симнуваше темп од ефералганот и од туширањето.
Докторката ни рече да продолжиме вака, со чепчиња и чајчиња, а ако не се смири до сабота вечер да и дадам некое сирупче


< Поракaта ја уредил Maca25 -- 6.11.2009 18:12:00 >


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 86
   RE: Температура кај децата
10.11.2009 7:33:10   
profesorica
Дамјан синојка ми качи температура-37.8, и беше нервозен, потоа ја поврати вечерата па одвај го намолив да пие млеко, му ставив оцет на нозете и заспа.Ноќта качи 38 и му дадовме далерон.Сега има пак некоја темп. и мм го однесе на лекар.user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 87
   RE: Температура кај децата
10.11.2009 7:40:51   
srekna mama
леле,срцуш мал...ај ,ќе му помине,не се секирај и ти..пиши што ќе му кажат на лекар...

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 88
   RE: Температура кај децата
10.11.2009 9:09:47   
profesorica
имал некој вирус Дамјан , му правеле и крвна слика, Далерон ан два часа да се дава.и пиковит.не бил за антибиотикuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот srekna mama)
Непосредна врска до пораките: 89
   RE: Температура кај децата
10.11.2009 9:10:59   
srekna mama
далерон на колку саати?


(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 90
   RE: Температура кај децата
10.11.2009 9:13:02   
profesorica
на 6 часа, леле сум пишала на 2 бреееее...ај ќе ми простите, насекирана.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот srekna mama)
Непосредна врска до пораките: 91
   RE: Температура кај децата
10.11.2009 20:17:04   
mami
толку од нашето одење на вечера и уживање. Лука пак крена температура...сега одиме под туш и Далерон во млекото...

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 92
   RE: Температура кај децата
10.11.2009 21:04:08   
mami
пак оди накај 39..аман што ке беше ова? отидовме на туширање

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 93
   RE: Температура кај децата
10.11.2009 21:08:09   
Еца
Леле мами утре обавезно носете го на доктор, земете му крв да видите како е крвтаuser posted image што стана со детето?user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 94
   RE: Температура кај децата
11.11.2009 8:47:13   
mami
Инаку синока му се качи докај 40, мачкавме оцет на нозете и саајлево уште беше топол, па бевме  на лекар, го прегледа, грлото е ок, не прати дома со зголемена доза на витамин Ц и останатите витамини, и да јаде денес повеќе овошје и зеленчук и утре пак на контрола. Вика дека е обичен вирус, кој го повратил бидејќи само што го завршивме сирупот во саботата, а времево за никаде. 

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 95
   RE: Температура кај децата
11.11.2009 9:56:22   
Mila na mama
 А мами нели правевте крвна слика, урина тоа ЦРП test?

_____________________________

love u all

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 96
   RE: Температура кај децата
11.11.2009 10:01:05   
bojanas
A da probas so brufen da mu ja simnes temperaturata? Sigurno ke mu ja simne i ke mu ja namali omalaksanosta. Na moite deca samo toa im pomaga paracetamol nikako. Isto taka sega ima i eferalgan sirup za temperatura i mnogu e ok

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 97
   RE: Температура кај децата
11.11.2009 10:06:17   
mami
требаше да правиме крвна слика, ама матичната сака прво да се излечи убаво па после, да не го трауматизира сега додека е неарен уште и крв да му зимаат...А вака, весел беше сабајле, малку само кенкав,ама кога си ја виде тете сабајле на врата се му поминаuser posted image
Бојана, досега со далеронот му се симнувала, имам дома и чепчиња ама ми е шубе да му ги ставам...секогаш прво пробувам со сите бабини лекови, па после хемија

(Одговор на членот bojanas)
Непосредна врска до пораките: 98
   RE: Температура кај децата
11.11.2009 10:11:07   
mis.
Бруфен само еднаш му имам дадено на Мартин и Педијатарот не искара бидејќи бил доста штетен.Не се препорачувал на возрасни а камоли за деца.Ајде гушки за Лука и мами крвна слика сега треба да му првите за да бидете сигурни дали е вирусно за да видите да не му се покачани леукоцитите.Ај нека оздрави што поскоро.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 99
   RE: Температура кај децата
11.11.2009 10:13:32   
Mila na mama
Ај да не и се мешам на твојата матична во работата ама нели ЦРП крвна слика, урина се прави пред да се постави дијагнозата за да знаеш дали е вирусно или бактериско и да знаеш што терапија да дадеш. 

_____________________________

love u all

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 100
Страница:   <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?