Hopeful RR
|
kapina, 5 пати те препрочитувам и ако те разбрав, еве на. Можам да ти кажам само да одиш на лекар и да се консултираш. Kvisko, баш прашував и во Систина само постапката е 1900е, плус терапијата. Контрацепцијата е евтина, Супрефактот не е скап, но Фостимонот е околу 1300 ден една доза, со тоа што во просек требаат од 25 до 50 дози, индивидуално е. Мене ми требаа 45, докупив 15 (ваучер покрива само 30) и ги платив 300е. Стоп инекцијата - ако е Овидрел, е 2400, ако е Прегнил - не знам, досега не сум ја купила, за ивф-то беше покриена со ваучерот. Другите делови од терапијата ионака претежно се на приватно, така што ако имате добро осигурување, ич не се мачете за ваучер. За пролактинот исто не се замарај, штом ова е изолиран случај, не е страшно. И мене еднаш ми рипна, па се извадив од памет, и после на следните контроли беше ок. Ајде, те чекаме со одлука и почеток со терапија
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|