|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  37 38 [39] 40 41   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Прва нова храна на бебето II
27.1.2016 19:21:22   
gina
a i sto moze drugo vo kombinacija avokadoto

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 951
   RE: Прва нова храна на бебето II
27.1.2016 19:21:56   
lolla RR
Можеш гина, половинката со семка заедно во кесе за замрзнување стои до другиот ден. Авокадо по правило се комбинира со нескробни зеленчуци и не многу благо овошје, мада е многу вкусно со банана.

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 952
   RE: Прва нова храна на бебето II
31.1.2016 18:45:56   
Felly RR
Ние денес- втор ден јаболче. Некни лизна малку, денес поискусен па стегнал уста, врти глава, дури и ако успееш да му протнеш некое лажиче- одма плука. Смешкиuser posted image Се мислам што да одам наредно, што би му било повкусно.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 953
   RE: Прва нова храна на бебето II
31.1.2016 21:29:46   
lolla RR
Фели, пробај тиква варена или печена, ако е по благото. Можеш и батат, сува слива ако имаш домашна, од зимските круши. Изборот е малку тесен сега. Ако не е по благото, можеш тиквица, компирче, трошка морков. Ајде слатко да си папкате. Инаку да, драгоцени се тие моменти на прво побување храна, јас ги имам на камера. Криво ми е што не го снимив и кога лимон пробуваше. Ем сакам ем нејкам фаца.

Да си прашам, имате ли користено масло од маслодајна репка? Многу било добро за бебиња, зедов од Фила ама мнооогу е грозно, едвај го јадам сега во салата. Има некоја? Какво ви е на вкус?

< Поракaта ја уредил lolla RR -- 31.1.2016 21:30:55 >

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 954
   RE: Прва нова храна на бебето II
31.1.2016 22:14:25   
Hopeful RR
Не знаев за маслото од маслодајна репка, пробав масло од лен, ни рече педијатарката дека може, и го прифатија.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 955
   RE: Прва нова храна на бебето II
1.2.2016 8:42:27   
lolla RR
Хоупфул па и тоа од лен не е најсјајно на вкус. ЈАс му давам лен на моево ама накај 10м заедно со семки од тиква и сончоглед.

Сега сакам сусам ама прво педијатар да прашам, некои викаат подоцна.

Денес втор ден, три киснети лупени бадемчиња.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 956
   RE: Прва нова храна на бебето II
1.2.2016 21:01:51   
gina
aj devojki kako go varite amarantot jas denes prvpat pravev so banan i jabolko mav go napravi posto so bananauser posted image
ama mie da ne go utnav vo varenjeto go varev 1:3 polasat ama brzi mi izvre vodata pa na dvapati doturav i postoja uste 5-10min ama koga probav kako zrncinja niz usta kako kiva koga jades so ispasirav so bananata i pak taka bese da ne go utnavuser posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 957
   RE: Прва нова храна на бебето II
2.2.2016 14:21:48   
lolla RR
Гина, амарантот го киснам од вечер во вода, сабајле го мијам и варам 30-40 мин во многу вода. После оставаш 10 мин да отстои да стане слузав и кркаш.

На Л повече му се свиѓаат пуканките од амарант. Се загрејува убаво празно тенџерче, се става пола мала лажичка амарант, пклопуваш, протресуваш дур броиш до три, и тргаш. Така додека стигнеш до полни две лажици правиш тури.

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 958
   RE: Прва нова храна на бебето II
2.2.2016 22:58:58   
gina
od istiov amarant se pravat pukanki i koga mu gi davas da gi jade kako se jadatuser posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 959
   RE: Прва нова храна на бебето II
3.2.2016 17:01:48   
lolla RR
Да гина, од истиот. Ги додавам во кашата како и варениот , ако треба дотурам малку вода.

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 960
   RE: Прва нова храна на бебето II
4.2.2016 11:17:09   
Milicka 30
По големо одбивање и плукање на зеленчуковите каши еве неколку дена ги јаде ќерка ми откога почнав да и ставам малку кромидче па се повкусни. Инаку имаме 7,5 месеци досега прабиме комбинации со спанаќ, тиквичка, тиква,компир, морков, кромид.. што друго можам да давам? Планирам и домашно пилешко да и дсдам деновиве.
Од табелата за исхрана од рр кисело млеко ,јогурт од 8 месеци се дава, вие кога дадовте? А производи со глутен од 8 или малку покасно? Читам по некои статии дека најдобро со 10 полни вие што мислите?

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 961
   RE: Прва нова храна на бебето II
4.2.2016 12:55:21   
sandriana RR
Од табелата за исхрана од рр кисело млеко ,јогурт од 8 месеци се дава, вие кога дадовте? А производи со глутен од 8 или малку покасно? Читам по некои статии дека најдобро со 10 полни вие што мислите?

Глутен се дава меѓу 6 и 8 месеци, ако не постои реална потреба за да се одложи. И многу одложено внесување на глутен не е препорачливо.
Млечни производи јас лично дадов со 6+, конкретно кисело млеко или лажиче млечен намаз во некоја од кашите или палентата.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 962
   RE: Прва нова храна на бебето II
4.2.2016 18:06:01   
lolla RR
Глутен му дадов накај 9-10 месеци, исто и млечно бидејки цица. Реално тој период има толку многу намирници што не стигнав до овие.

Сега е 12+ и јаде наизменично безглутенска па глутенска житарка.


(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 963
   RE: Прва нова храна на бебето II
5.2.2016 10:46:04   
gina
devojki do koga treba da se vari ovosjeto koga da se zadava svezo neli e poubavo jas ednas probav svezo jabolko ama ne mi se ispasira ubavo mi ostana grutcinja i mi bese strav da mu davam da ne se zadavi

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 964
   RE: Прва нова храна на бебето II
5.2.2016 10:59:13   
Felly RR
До 6 м варено, после може и свежо. Пробај изблендирај го со др овошје, да не биде чисто јаболко и да добие покремаста структура.
Ние денес банана пробуваме, ама баш само пробуваме. Се на се едно лажиче ако му се собра.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 965
   RE: Прва нова храна на бебето II
5.2.2016 11:06:38   
gina
samo edno ne sum mu dala sekogas kombinacija so 2 ama i togas ubavo mi ostanuva taka so grutcina

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 966
   RE: Прва нова храна на бебето II
12.2.2016 9:13:26   
nadez vera ljubov
Женски дали има бисквити без глутен.?? Ми даде докторката како шема за месеците што да внесуваме пишува бисквити јас не видов сега незнам какви само ми напомена без глутен. Иначе денеска правиме 6 месеци. Вчера во веро и купив од тие на хип фрст пап и едно друго на хип. И направив пола доза спремна шемата да проба па го бендиса. Ми рече докторката да има 3 оброка овошје, зеленчук и млечна каша вечера.доручек 125 мл. Другите пола од тоа првите две недели после да и зголемам. Потрошив во веро бисквити без глутен џиџе бебе и две на хип со глутен па се откажав. Иначе се уште цица

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 967
   RE: Прва нова храна на бебето II
12.2.2016 10:07:32   
sandriana RR
Прво, бисквити баш и не мора сега да јаде, може и подоцна, после 7-8 месеци. Подобро е да воведувате житарки (ако воведувате глутен со полни 6 месеци) - овесни, пченични, просо, варена пченица - сето тоа дозволува комбинации со овошје, јогурт, млеко и се совршена опција за појадок и вечера. Ако одложувате глутен, тогаш просо, амарант, киноа, пченка, ориз...
Инаку, конкретно бисквити безглутенски нудат ЛоБелло - ги има по аптеките.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 968
   RE: Прва нова храна на бебето II
12.2.2016 11:40:06   
Hopeful RR
nadez veda ljubov, педијатар ти рекол со 6 месеци да имате три оброци??? Ние сме 9+ па уште сме со два, тек допрва ќе воведеме трет, по совет на педијатар... Мое мислење, не форсирај храна толку многу, ќе ја јаде цел живот, посебно па ако си цица.
А за бисквити, мислам па дека е ептен рано, подобро почнете со овошје, зеленчук, житарки, како што ти пишаа и другите.

Глутен јас дадов скоро, значи некаде на крај од осмиот месец. Почнав со овес цело зрно, како безглутенска житарка која е сепак контаминирана со глутен, а деновиве давав и кус кус, ептен добро го прифатија. Нема зошто да се брза со намирниците, мислам.

Кисело млеко и јогурт дадов порано, 7+. Почав со кравјо кисело млеко, досега најдобро се покажа тоа на Сутаж, и по вкус и по текстура, и Ацедофилен јогурт на Виндија, со тоа што не сакам да ги давам секој ден, да не се навикнат премногу на тој вкус.

Него, моето прашање е - како ги комбинирате оброците во однос на времето од денот и времето за спиење? Лесно ми е да поделам кога доручек, кога ручек, но бидејќи спијат два пати (еднаш околу 11ч, втор пат околу 14ч), а тешко заспиваат без млекце, не знам како да комбинирам за да дојде млекцето за заспивање како ужина...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 969
   RE: Прва нова храна на бебето II
12.2.2016 13:28:30   
nadez vera ljubov
Да во ремедика вчера на редовна контрола. Три оброци овошна каша, зеленчукова и млечна навечер. Не верувам дека ќе изеде толку количински како што ми рече.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 970
   RE: Прва нова храна на бебето II
12.2.2016 16:31:30   
lolla RR
nadez vera ljubov, без коментар за бројот на оброци. Моето бебе е скоро 13м па јаде како што ти рекле тебе на 6м.

Моето мислење е следно, оброк се воведува еден по еден со размак од 4-8 недели. Количински е малку глупава мерката, зашто на мајките ни ствара некоја слика колку треба да изеде бебе а всушност тоа зависи од мал милион фактори. Сеуште работам на тоа дека не е грамажата мера дали се најадел туку кога тој ке рече стоп.

За бисквити не се сложувам дека треба да јаде, а деф не на 6м. Неми е јасно од каде бисквитите станаа основна храна за дохрана. Со дохраната бебето учи на вкусови од природата, не на рафинирани преработени производи. Доколку сакаш такви работи, има домашни бисквити со палента, овесни итн зависи што се воведува.

Ајде слатко да си папкате.

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 971
   RE: Прва нова храна на бебето II
12.2.2016 16:34:25   
lukajana RR
Леле душо да не те разочарувам ама нема шанси да ти јаде толку многу храна на почетокот и плус тоа е многу мешање на храна за толку мало меше.
На почеток по малку па ке зголемуваш постепено ама имај на ум дека ова не е едноставен процес и бебињата често не прифаќаат така лесно каши user posted image ти води се по барањата на бебушот ако прифаќа и сака да јаде давај ако дава отпор не паничи ке се научи да ручка

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 972
   RE: Прва нова храна на бебето II
12.2.2016 17:42:23   
Hopeful RR
Или најдобро, консултирај друг педијатар, ова е исклучок што го пишуваш. Сите педијатри се горе доле едногласни за тоа дека оброк се воведува еден по еден... Сите ние сме почнале со еден овошен оброк, од чисто овошје, колку да проба вкусови, да видиме можни алергиски реакции и секако без мерење грамажа. На сите тој оброк ни бил порано во денот, но не прерано - прво било млекце, па следното бил овошниот, а понекогаш и измешано со зеленчук. Со тек на време, се стабилизира тој оброк, се додаваат житарки, се дава секој ден во исто време и веќе станува појадок. Потоа дури се почнува со втор, па се двојат - наутро овошје, на ручек зеленчук...


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 973
   RE: Прва нова храна на бебето II
12.2.2016 20:38:51   
nadez vera ljubov
Па и ние така почнавме. Сокчиња на 4 ипол, од 5 овошни каши и од 5 ипол зеленчукови морковче и компир

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 974
   RE: Прва нова храна на бебето II
14.2.2016 10:36:59   
lukajana RR
Gina постот ти го префрлив Тука = Не сака да јаде , таму ке чекаме искуства

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 975
Страница:   <<   < Претходна страница  37 38 [39] 40 41   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  37 38 [39] 40 41   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?