Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
RE: Односот со вашата сестра-брат 17.11.2011 19:43:01
nadica
Односот со сестра ми ни е добар блиски сме ,иако поретко се гледаме а сега и двете сме во ист град, но обврските кон домот и рботата не ни дозволуваат почесто да се муабетиме во живо само преку телефон.Додека спрема брат ми ништо ново
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
RE: Односот со вашата сестра-брат 18.11.2011 8:53:39
Luci
Односот со сестра ми е одличен, ми се наоѓа секогаш за чување , ручек ми прави често бидејќи јас работам а она е на породилно, а исто така и јас на неа. Живееме на 1 минута одалечени, комшики Сисссстеррррр многу те сакам
RE: Односот со вашата сестра-брат 13.12.2011 14:04:27
Melanija RR
Со брат ми имаме супер однос,иако е постар скоро 7 години од мене.Неможе повеќе од 3 дена да не се чуеме.Иако секој има свое семејство и обврски.На некои им е чудно колку сме блиски а сме брат и сестра.Среќна сум што го имам
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Односот со вашата сестра-брат 25.12.2011 17:50:28
babyhope
Веќе два месеци ја немам видено мојата сестра. Многу ми недостига... се слушаме по телефон, по интернет но ми фали да ја гушнам и почувствувам близу до мене. За среќа доаѓаат празници па Дедо Мраз ќе ми ја исполни желбата да ми ја донесе неа и внука ми за време на најубавите мигови од Новата година....
RE: Односот со вашата сестра-брат 14.4.2014 14:32:27
Mila mamicka
Имам брат кој е 2 и пол години помал од мене и не можам да најдам збор кој би кажал колку многу го сакам. Уште како деца бевме блиски, никогаш не сме се тепале или карале, туку секогаш се гушкавме и бевме блиски. Тој, како помал, секогаш бара совети од мене, и многу го почитува моето мислење. Откако се омажив, се слушаме скоро секој ден, а се гледаме толку колку што ни дозволуваат обврските. Единствена желба ми е да го зачуваме односот што го имаме сега и тогаш кога ќе се ожени.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
RE: Односот со вашата сестра-брат 14.4.2014 15:31:19
Defne90 RR
Имам помала сестра и имаме навистина добар однос со неа.И навистина сме блиски.Е сега откако се омажив таа после две години замина на студии и не се гледаме толку често,ама секогаш кога и да си дојде ме посетува и знаеме да се заборавиме во прикажувањето.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
RE: Односот со вашата сестра-брат 14.4.2014 16:06:58
AnnaMolly RR
Сестра ми е помала од мене скоро 3 години, ама многу убаво се сложуваме. Особено откако работиме заедно, по цели денови сме заедно и мноооооогу повеќе се зближивме во изминативе 2 години. Ми помага за се што треба, а и јас неа, секогаш сме тука една за друга. Многу си ја сакам :)