Hopeful RR
|
Pinky30, сите сме такви на почеток на процедура, пола возбуда, пола паника Ич не се секирај, ќе ти објаснат се со шемата и ќе видиш дека не е комплицирано. Јас си мислев дека ивф е најкомплицираната процедура на свет, дека е којзнае што, ама за среќа, не е Подуеноста е нормална нуспојава, за жал. Пиј повеќе вода и носи поширока облека, чисто за ти да се чувствуваш покомотно, а за муабети од страна - ич не се замарај, бриши се пред тебе. И мене ме прашуваа, ми доаѓаа, па само им викав не бе, поправена сум, и искачам од просторија. Батали, секакви луѓе има, не се ни расправај, ни објаснувај. Задржи си ја насмевката на лице, тоа ти е најбитно сега
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|