|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Следење на овулација–промени на грлото на матката

Редакција Рингераја, 26.5.2022
Како да ги одредите плодните денови со пратење на грлото на матката?

image
/11


Промените на грлото на матката се сметаат како спореден, додатен метод за утврдување на овулација и тесно се поврзани со промената на цервикалната слуз. Како што цервикалната слуз во текот на овулација ја менува својата структура (провидноста, густината), така и грлото на матката ја менува својата положба и поинакво е на допир. Овие промени настануваат како последица на промените на нивото на естроген во организмот.

Веднаш по завршување на менструација, грлото на матката е цврсто и суво. Тоа се наоѓа ниско во вагината, што значи дека е близу и лесно може да се допре со прст, но самиот “влез” во матката е непристапен и тесен, бидејќи има малку цервикален секрет. Како се приближува овулација така и грлото на матката станува помеко и повлажно на допир и полека почнува да се повлекува подлабоко во вагината.

Во тек на овулација грлото е потполно меко и многу влажно, поради зголемениот цервикален секрет, а влезот во матката е потполно прооден. Во овој период грлото се наоѓа длабоко во вагината, далеку е и недопирливо со прст.  

По овулација, потребно е помеѓу 24 и 48 часа за да може грлото да се врати во иста положба како на почетокот на циклусот.

          Дел од циклусот

Грлото на допир

Положба

Почеток на циклусот (за време на менструација и веднаш по неа)

Цврсто и суво

Ниско во вагината (близу)

За време на овулација (се приближуваат плодни денови)

Меко и влажно

 Длабоко во вагината (тешко да се напипа)

По овулација (по плодните денови)

Цврсто и     суво

Ниско во вагината (близу)

За да ја проверите состојбата на грлото на матката користете еден или два прста, како ви е полесно. Доволно е само со врвот на прстот нежно да го допрете грлото. Важно е рацете да ви бидат чисти и суви и да немате долги нокти. Грлото на матката треба да се проверува секој ден во исто време и телото треба да биде во иста положба (на пр. додека стоите со едната нога подигната на кревет или када). Овие промени не можат лесно да се препознаат, доколку ова не сте го правеле порано, но не се откажувајте, бидејќи по само три до четири циклуси ќе стекнете доволно искуство за да ги препознаете овие фази.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Двојна метода за следење на овулација
Кога се планира бременост, најважно е точно да се одредат плодните денови.
12
Календар на плодност. Kако да го користиш ...
Календарот на плодност е една од наједноставните и најдостапни алатки за следење на циклусот и препознавање на плодните ...
4
Лечење на стерилитет кај мажите. Што помага?
Машкиот стерилитет денес е многу почест отколку што се мисли, а добрата вест е дека во голем дел од случаите е лечлив.
4
6 стручни совети за да зачнете машко дете
Се прашувате како да зачнете момче? Ако е така, сигурни сме дека сте заинтересирани да ги знаете различните методи за да...
4




Анкета

koga bi?
Jana9

Koga bi birale sto bi odbrale?

Pari (18%)

Ljubov (73%)

Patuvanja (0%)

Odlicno rabotno mesto (9%)


Број на сите гласови: 11

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!