|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Нема компромис со високиот крвен притисок

Др. Лидија, општа медицина, 4.5.2010
Покачениот крвен притисок е кога истиот е со вредност од 140/90 мм Хг или над тие вредности, а за пациенти над 65 години систолен притисок над 160 мм Хг. Ако нема контраиндикации, ваквиот КП(крвен притисок) треба да се лекува.
Клучни зборови:

image
/11


Во 75-80% од случаите останува непозната причината за хипертензијата (ХТА)-идиопатска, есенцијална ХТА. Во 20-25% од случаите, ХТА е последица на болест на бубрезите, или има ендокрино потекло-секундарна ХТА. Како и да е, секундарната ХТА е нешто потешка за третирање, рефрактерна на терапија. Есенцијалната малку подобро реагира на терапија.

Нема компромис со покачениот крвен притисок. Или Вие ќе го ставите под контрола со режим на живот и терапија, или тој ќе завладее со Вас. Тоа значи дека ако му попуштите и го оставите нелекуван, КП со текот на годините прогресивно ќе си се качува, ќе ја оптерети левата срцева комора, ќе го задебели срцевиот мускул, кој по повеќе пропуштени години ќе стане како една дилатирана ,,торба,, со мала моќ за контракција и мала моќ за испумпување на крвта. Во меѓувреме ХТА го забрзала процесот на таложење на масните наслаги по ѕидовите на крвните садови, кои прогресивно се стесниле, се импрегнирале со калциум и се стврднале, станале крути ,,цевчиња,, кои уште повеќе придонесуваат за покачување на КП.

Така, под дејство на зголемениот КП се случува и забрзан процес на атеротромбоза (кој е уште побрз ако пациентот е пушач). Компликациите од ХТА се~ инфаркт (на миокардот-најчесто), мозочен удар, екстремно ослабена срцева активност, намален вид (предизвикува промени на очното дно). Едноставно, го скратува животот за 10-20 години. Исто така една од компликациите е ослабена бубрежна функција-хронична бубрежна болест.

Доколку забележите дека имате вредности на крвниот притисок како горенаведените или повисоки, веднаш да се консултирате со својот матичен доктор. Тој ќе ви направи ЕКГ, лабораторија и ќе го следи Вашиот КП извесен период (од 1 седмица до 1 месец- зависно од случајот) и на крај ќе Ви одреди терапија. Никако не ја примајте терапијата на Вашиот сосед или роднина. Терапијата за висок КП е ИНДИВИДУАЛНА и се третира за секој пациент поединечни и лично. Имајте доверба во Вашиот доктор. Тој знае што е најдобро за Вас.

Една студија вели дека 20% од луѓето имаат КП=165/95 ммХГ, а 50% од луѓето на планетата имаат преку 140/90. Повеќе страдаат небелците, а жените ХТА прогресивно добиваат во менопаузата. Докажана е извесна генетска предиспонираност (наследност) на ХТА.

 

(Било какво прашање е добредојдено).

 

Со почит,

Др. Лидија

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

17 ноември, Светски ден на предвремено род...
Кога ќе добиете регуларни контракции кои се попратени со скратување на грлото на матката и негова дилатација, односно от...
5
Видео: Како расте бебето од недела во недела?
Честитки, бремена сте! Потребни се 40 недели за вашето бебе да порасне од мало семе до голема лубеница. Проверете ја гол...
5
Најважни здравствени навики за здрава брем...
Бременоста е период кога секоја навика може да има влијание врз здравјето на мајката и развојот на бебето. Не станува зб...
4
Затегнете ја кожата на стомакот по раѓањето
Како да ја затегнете кожата на стомакот по раѓањето?
4




Анкета

Дали вашите момчиња си ги допираат пенисите?
пеперутка16

Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.