Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Отприлика 14 дена по последната менструација настапува овулација, јајце клетката излегува од јајникот и низ јајцеводот патува кон матката. Ако во овој момент дојде до оплодување со спрематозоид, може да се случи за две недели тестот за потврдување на бременоста да биде позитивен! Некои мајки при вгнездување на оплодената јајце клетка во слузокожата на матката приметуваат слабо вагинално крварење. Тоа е таканаречено крварење поради вгнездување, што претставува вообичаена појава, затоа не грижете се премногу.
Во оваа недела вашето тело почнува да произведува протеин ЕПФ (таканаречен фактор на раната бременост), кој не дозволува вашето тело да го идентификува ембрионот како страно тело.
Најверојатно веќе ве интересира кои испитувања ве чекаат на почетокот на бременоста. Тоа се:
- Одредување на крвната група и Rh факторот: на секој поединец освен одредувањето на крвната група, која може да е 0, А, Б, или АБ, се одредува и резус фактор. Повеќето луѓе се позитивни, а околу 15 % од популацијата има негативен Rh фактор. Rh факторот е важен во случај мајката да е RhD негативна, а плодот по таткото да наследи позитивен RhD фактор. Тогаш за мајчиното тело плодот претставува имунски страно тело. При породувањето, крвта од детето и мајката се сретнуваат, па мајчиното тело почнува да создава антитела против крвта на детето- мајката се сензибилизира. При ново зачнување тие антитела можат преку постелката да дојдат до плодот. Ако другиот плод е позитивен, мајчиното тело ќе го смета за страно тело. Антителата ги напаѓаат крвните органи и слезината и предизвикуваат хемолитична болест кај новороденчето. Плодот по породувањето може да страда од тешки анемии или оштетување на мозокот, а кај следните бремености степенот на оштетувања е се поголем. За да не дојде до хемолитична болест во наредните бремености, мајките со Rh негативен фактор во текот на бременоста прават Coombs – ов тест со кој се утврдува непостоење на антитела. На тој начин не се дозволува да настанат штетни антитела. Coombs – ов тест покажува непостоење на антитела кои се борат против црвените крвни зрнца.
- Хемограм (основен преглед на крвта) и анализа на урината. Со хемограмот се одредува бројот на црвените и белите крвни клетки и крвните плочки – тромбоцити, така што се открива евентуално воспаление. Кај трудниците може да се одреди намалено железо и одреден степен на анемија. Со почести прегледи на урината во текот на бременоста се надгледуваат органите за мокрење. Кај трудниците може да дојде до воспаление на бешиката поради нејзино слабо празнење и притисокот што матката ја врши врз неа, а воспалението може да биде без никакви симптоми, како што се пецкање, болка и почесто мокрење. Создадени се одлични услови за развој на зарази од бактерии, кои се опасни, бидејќи можат да предизвикаат прерано породување и други компликации. Подоцна, врз основа на потврдени протеини во урината и истовремено мерење на крвниот притисок, гинеколозите дијагностицираат настанување на прееклампсија – состојба која е многу опасна и за мајката и за плодот.
- Сифилис: полово пренослива болест која е предизвикана од бактеријата Treponema. Ако мајката се зарази за време на бременоста или има активна болест, мора да се лечи, бидејќи нелекуваниот сифилис е многу штетен за плодот. И покрај тоа што кај нас многу е мал бројот на заболени од сифилис, препорачливо е да се внимава, бидејќи имаме пораст на заразите кои најчесто ги пренесуваат мажите вработени во странство.
- Токсоплазмоза или мачешка болест е опасна за трудниците кои досега со неа се немаат заразено. Ја предизвикува паразитот Toxopazma gondii. Кај првата зараза доаѓа до пренесување на плодот кој може да се роди со тешки оштетувања, како што се пореметување на централниот нервен систем и ослепување. Доколку трудницата веќе била заразена во минатото, нема опасност за плодот. Повеќе информации за оваа болест можете да прочитате тука
- Рубеола: бидејќи повеќето денешни трудници во детството се вакцинирани против оваа болест, докторите за тестирање се одлучуваат само тогаш, кога не се сигурни дали трудницата навистина е заштитена – се одредува според количината на заштитни антитела
- Хепатит Б: тоа е болест на црниот дроб предизвикана од вирусот хепатит Б. За време на бременоста може да се пренесе од мајката на плодот и да предизвика тешко оштетување на неговиот црн дроб. Затоа на секоја трудница на крајот од бременоста и се контролира крвта, а новороденчето на заразените мајки внимателно се контролира и по потреба се лечи.
Плод во 3. недела
Тато во 3. недела
Слични артикли:
Синдром на полицистични јајници
Претходна недела: 2. недела
Следна недела: 4. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Хормонални промени и задржување течности во бременоста
Бременоста е период на интензивни хормонални промени кои влијаат на ре...
Училиште и пријателства, темел на здрав детски развој
Детството е период кога се поставуваат темелите за изградба на личност...
Тајната на послушните деца не е во казните
Многу родители се прашуваат како да ги воспитуваат децата така што тие...
Улогата на семејството во воспитувањето на децата
Семејството е првата и најважна средина во која детето учи како да го ...
Како да го разбереме тинејџерот? Мост наместо ѕид
Тинејџерските години се дел од животот на секој поединец и не се само ...
Дете.
пеперутка16
Дали некогаш ви се случило возрасен, близок или не, да го удри вашето дете во ваше присуство и како реагиравте?