|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Зошто го родив детето кое не го сакав?

Редакција Рингераја, 20.6.2017
Најголемиот шок во животот ми беше кога дознав дека сум бремена од човекот кој ме напушти за друга жена по седум години врска
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Неколку месеци пред тоа, она што најмногу сакав беше да му родам дете на тој човек. Но, денот кога ме остави, сфатив дека тој не заслужил да биде татко на моето бебе. Всушност, не заслужил да биде ничиј татко.

Само две недели откако се исели од мојот стан, дојде веста дека јас носам негово дете. Емоциите ми беа чист хаос. Од една страна не сакав да го родам тоа дете, од друга страна си велев дека тоа дете не беше виновно за ништо. Не беше виновно за тоа што неговиот татко е најголемиот идиот меѓу сите мажи на светов!

Не сакав да го родам тоа дете. Три пати закажав во една приватна клиника за да абортирам. И секој пат кога сестрата ќе го прочиташе моето име, јас се правев дека не слушав и ја напуштав клиниката. Нешто во мене не ми даваше да уништам еден живот кој ништо не видел од живеењето.

Се откажав од идејата за абортус. Си реков дека ќе го родам детето кое не го сакам. Моите родители мислеа дека полудувам. Се плашеа дека ќе го дадам во дом. Станот ми го направија ординација, секој ден влечкаа психотерапевти кои би разговарале со мене. А, јас само молчев и плачев.

Во моментот кога моето бебе дојде на свет, сфатив дека не можам да не го сакам. Кога за првпат го прегрнав сфатив дека тоа е мојата најголема причина за живот. И сфатив дека ако абортирав, ќе направев голема грешка. Неколку години подоцна, јас сум самохрана мајка и со гордост го кажувам тоа. Моето бебе го нема видено својот татко. Не сум му забранила, но ете тој седум години не најде за згодно да го запознае.

Иако многумина мислат дека патам, јас всушност сум една од најсреќните жени на светот. Неговите погледи и прегратки ми прават да полетам. Секое негово ново дело, секое негово откривање на некоја важна работа ме прави да сум исполнета. Некој можеби ќе ме осуди за тоа што моето дете расте без татко. Знам дека не можам да бидам и мајка и татко истовремено, ама исто така знам дека давам натчовечки напори за да бидам добра мајка.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали во бременоста треба да пиете повеќе т...
Поголемата жед во бременоста не е необична. Телото постепено се приспособува на новите потреби, а доволната хидратација ...
23
Развој на фетусот месец по месец - видео
Бремена сте? Честитки! Дали сте љубопитни колку е големо вашето неродено бебе во развој, како изгледа вашето бебе додека...
4
Вртоглавица и несвестица во бременоста
Ниското ниво на шеќер во крвта, нискиот крвен притисок, пребрзото станување или високата собна температура можат да допр...
4
Како лекарите ги пресметуваат неделите на ...
Неделите на бременост не се бројат од денот на оплодувањето.
4




Анкета

lide
lidiicka28

imence za moeto bebence ve molam pomognete

antonija (37%)

lena (14%)

ksenija (14%)

tereza (5%)

mateja (29%)


Број на сите гласови: 154

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!