|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Запознајте ја јајце клетката со сперматозоидот

Редакција Рингераја, 25.11.2021
План: Како да ја запознаете јајце клетката со сперматозоидот?

image
/11


Ова е план кој Ви е потребен кога се обидувате да забремените по спонтан абортус, или се грижите зошто не забременувате, а имате веќе една успешна бременост. Всушност, ова е план за жени кои немаат сериозни проблеми со забременување, кои треба да се откриваат и лекуваат. Погоден е исто така за жени кои сега почнуваат да се обидуваат да забременат со прво дете и сакаат да направат нешто за да ги зголемат можностите за забременување, пред да посетат специјалист.

Дури и да имате една успешна бременост зад себе, треба да знаете дека бременоста го променува нивото на Вашите хормони и времето кое ќе биде потребно за да забремените може да биде различно. Овој план ќе Ви покаже како да им помогнете на сперматозоидот и јајце клетката да се сретнат полесно.

Подгответе се за месеци на љубов!

 

Кратка верзија на Вашиот план

- Водете љубов преку ден, почнувајќи од 8-от ден од почетокот на циклусот.

- Купете си 10 тестови за овулација (тоа се две пакувања по 5 тестови)

- Почнете да правите тестови за овулација на 10-от ден, при циклус од 28 денови.

- Ако тестот за овулација е позитивен, водете љубов истата вечер, како и две вечери потоа.

- Прескокнете една вечер и потоа обидете се повторно.

- Направете тест за бременост 15 дена откако прочитавте позитивен тест за овулација, доколку има доцнење на менструација.

- Доколку тестот за овулација не покаже ништо, продолжете да водите љубов преку ден, потоа ако не сте добиле менструација направете тест за бременост.

 

Детална верзија на Вашиот план

На осмиот ден од Вашиот циклус, броено од првиот ден на менструација, започнете ги обидите навечер. Тестовите за овулација ќе Ви требаат од десеттиот ден. Купете си две пакувања од по 5 тестови, за да не престанете да ги правите многу рано. За да бидете сигурни дека тестот за овулација ќе Ви сигнализира правилно, треба да го направите напладне, или по враќање од работа, со напомена дека не треба да пиете многу течности и да не сте биле во тоалет најмалку 4 часа (утрото не е вистинско време за овие тестови, бидејќи зголемувањето на количината на LH обично се случува во текот на денот). Прочитајте го упатството внимателно и имајте во предвид дека бледа црта на тестот не значи позитивен тест.

- Кога тестот за овулација ќе се покаже позитивен, водете љубов три последователни денови, а четвртиот ден направете пауза, па потоа продолжете. Започнува големото очекување!

- Можете да направите тест за бременост 15-16 дена по позитивниот тест за овулација, ако не сте добиле менструација. Не правете тест за бременост пред денот на очекуваната менструација, тоа може да Ве обеспокои. Треба да одолеете на желбата да направите тест преку крвта (освен ако нема медицинска причина за тоа). Спокојно дочекајте го времето кога ќе направите домашен тест за бременост. Дотогаш бебето ќе се зацврсти за материцата и Вашите грижи за спонтан абортус ќе се намалат на нормални 10%.

- Ако не видите позитивен тест за овулација, обидувајте се да зачнете до 35-от ден. Потоа направете тест за бременост, а може да направите и тест преку крвта. Запомнете, секоја жена нема овулација секој месец, особено не по спонтан абортус.

- Додека се обидувате, осигурете се дека ќе имате барем еден сексуален контакт помеѓу денот на овулација и 8-от ден од новиот циклус, така што да не поминат повеќе од 10 дена без сексуални контакти. Сперматозоидите исто така можат да бидат причина за генетски аномалии, затоа треба да ги има свежи.

- Ако не успеете првиот месец, тоа не е само затоа што сперматозоидите не дошле до јајце клетката. Околу 75% од јајце клетките се изгубени во првите 14 дена од циклусот, поради аномалии и не можат да бидат оплодени. Тоа не треба да Ве загрижува, продолжете да се обидувате.

 

Факти кои ќе Ве изненадат

Според многу книги сперматозоидите живеат околу 5 дена, а јајце клетката 24 часа. Тоа технички е точно, но некои сперматозоиди живеат само 2 часа, ако не се во соодветна цервикална слуз, за да се движат. Тие ќе се обидат да пливаат, користејќи свои резерви, но нема да стигнат до посакуваната цел. Јајце клетките обично живеат 12 часа, така што не можат да чекаат многу време. Тешко ќе забремените со јајце клетка која живее само 12 часа и сперматозоиди кои живеат 2 часа. Ова е важна информација за оние кои се обидуваат подолго време и се чувствуваат обесхрабрени.

Честите полови контакти можат да Ви наштетат повеќе отколку што ќе Ви помогнат. Не се обидувајте секоја вечер. Така може да се заморите и да ја исушите цервикалната слуз, со што ќе го испуштите главниот момент. Секојдневните полови контакти се потребни само во деновите со највисока фертилност. На овој начин ќе добиете добар резултат.

- Не му придавајте значење на стресот! Вообичаените грижи дали и кога ќе забремените се сосема во ред и не влијаат на Вашата фертилност. Не обрнувајте внимание на луѓето кои Ви го нудат “испитаниот” рецепт. “Бидете спокојни и не мислете на тоа”. Тоа не е нивни проблем.

Она што може да влијае е сериозниот стрес, промена на живеалиште, губење на работата, смрт на некој близок, кои можат да доведат до психички заболувања и депресија. Со тоа може да се одложи овулацијата, или да имате циклус без овулација, бидејќи може да дојде до зголемено производство на пролактин. Оваа состојба не би требало да трае долго и следниот месец треба се да биде во ред.

- Раната менструација не е секогаш знак за спонтан абортус, дури и да сте имале сексуален контакт на денот на овулација. Обично тоа значи дека јајце клетката не била оплодена, бидејќи не била доволна количината на прогестерон. Тоа го скратува Вашиот циклус. Понекогаш јајце-клетката не се развива правилно за време на овулацијата и тоа во повеќето случаи е проблем само за тековниот месец. Сепак, ако забележите дека од денот на овулација, до денот на следната менструација периодот се намалил на помалку од 10 дена, тогаш треба да направите истражување за должината на лутеалната фаза.

 

 

Тимот на РР Ви посакува многу среќа!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Приказната на Вишња Томиќ
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...
2
Интраутерина инсеминација
Интраутерината инсеминација е постапка при која спермата се промива, концентрира и директно се вбризгува во матката на ж...
2
Македонска мобилна апликација-Caffetin Men...
Ви ја претставуваме македонската мобилна апликација за следење на месечен циклус – Caffetin Menstrual
2
Што е тестостерон?
Што е тестостерон и која е неговата функција во организмот?
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?