vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Маслиновото масло од маркет е секогаш свежо
Иако е добро складирано, маслиновото масло од увоз кое го наоѓаме во маркетите често е постаро од три години. Но, за разлика од виното, за маслиновото масло не важи правилото – што постаро, тоа подобро. Замислете го како исцеден сок од маслинки, кој е најдобро да се потроши додека е свеж. Ако сакате да бидете сигурни што купувате побарајте на амбалажата година на берба.
Квалитетното масло се чува за салати, а поефтиното за готвење
Потполно погрешно. Колку маслото е поквалитетно и посвежо, толку подобро поднесува високи температури. Исто така со готвењето не губи на квалитет и храната ќе биде далеку повкусна, а со тоа и поздрава.
Маслиновото масло треба да се чува само во стаклено шише
Оваа теза е само делумно точна. Чувањето на маслото во стаклено шише е добро, но тоа мора да биде од темно стакло бидејќи маслото реагира на светлината која ја менува неговата структура и со тоа губи на квалитет. Лимената амбалажа е исто така добра за чување на маслиновото масло.
Храната не смее да се динста на маслиново масло
Уште една погрешна информација. Истражувањата покажуваат дека квалитетното масло не ја менува својата структура и до 200 C, што значи дека со него слободно можете да варите и динстате. Тоа не се однесува на пржење на храната.
Маслиновото масло нема многу калории
Погрешно. Иако е многу здраво и хранливо и маслиновото масло е масло. Тоа содржи голема колчина на калории, но за разлика од растителното масло има низок степен на холестерол (лоши маснотии). Исто така е силен антиоксиданс, со висока хранлива вредност.
Доброто маслиново масло има фантастичен вкус
Иако љубителите на маслиново масло ќе се согласат со тоа, треба да знаете дека чистото и свежо маслиново масло е секогаш со силен вкус. Го краси горчливиот вкус кој го иритира јазикот, што нема да одговара на сите вкусови.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да изберете соодветен метод за контрацепција?
Не постои еден метод за контрацепција кој е најдобар за сите жени. Она...
Гестацискиот дијабетес е состојба во која нивото на шеќерот во крвта с...
Најчести причини за потешкотии со зачнување
Кога бременоста не се случува веднаш, сосема е природно да се појават ...
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...