Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Постапката се состои од следните фази:
Хормонска терапија
Врз основа на резултатите добиени од дијагностиката и базалните вредности на хормоните на хипофизата ( 2 - 4 ден од циклусот - FSH, LH, PRL) ќе се одреди протоколот на стимулација, кој во вашиот случај ќе даде оптимални резултати. Под стимулација се подразбира стимулирање на растењето на фоликулите, односно стимулирање на јајниците да произведат повеќе јајце клетки, со оглед на тоа дека во природниот циклус произведуваат само една.
Следење како растат фоликулите
Почнувајќи од 8 ден од циклусот, со вагинален ултразвук се следи растењето,односно созревањето на фоликулите. Таа постапка се нарекува фоликулометрија. Обично, растењето на фоликулите се следи со ултразвук секој втор ден, додека фоликулите не созреат.
Пункција на фоликулите и изолација на јаце клетки
По растењето и созревањето на фоликулите, со трансвагинална пункција се аспирира фоликуларна течност во која се наоѓаат јајце клетки. Во лабораторијата за вонтелесно оплодување содржината од фоликулата се пребарува под микроскоп и се издвојуваат јајце клетки.
Оплодување
На денот на пункцијата, партнерот дава семе кое се обработува и подготвува за постапката за вонтелесно оплодување. Резултатите можат да се дознаат за околу 20 часа, кога микроскопски се утврдува дали дошло до оплодување во лабораториски услови.
Ембриотрансфер
Вториот до петтиот ден од пункцијата, зависно од бројот и квалитетот на ембрионите, се прави ембриотрансфер на еден или повеќе ембриони. Колку од ембрионите ќе се вратат во матката зависи од нивниот квалитет, од бројот на претходните обиди и од здравјето на пациентот. Најчесто се враќаат два ембриона, а законот во поголем број од земјите дозволува најмногу три.
Вадење Бета ХЦГ хормон
14. дена по ембриотрансферот жената може да провери дали дошло до имплантација на ембрионите, односно дали е бремена. Вредностите над 5.0 укажуваат на присуство на хумано корионски гонадотропин, чија најважна функција е поддршка на жолтото тело во јајниците кое во првите седум до девет недели од бременоста лачи прогестерон, хормон кој уште се нарекува и чувар на бременоста.
Во време на очекувана менструација вредностите на Бета ХЦГ во крвта достигнуваат 100 IU/L, а се удвојуваат во просек секои два дена до седмата недела од бременоста, кога достигнуваат околу 100.000 IU/L. Следење на вредностите на Бета ХЦГ е многу важна дијагностичка метода во оценување на вијабилноста на плодот, дијагностицирање на вонтелесна бременост и др.
http://www.beta.hr/
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и предмети?
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе...
Што е посмешно да работиш во Македонија?
Млад, забавен, паметен...се само дел од епитетите кои го опишуваат сте...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.