Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Размислете добро дали воопшто да го водите овој разговор. Ако е краткотрајно неверство, за кое искрено жалите, Вашето молчење (и понатамошна верност) може да ја задржи Вашата врска. Ако не сакате да расчистите, треба внимателно да се процени ризикот од признанието.
Има добри и лоши причини да признаете дека сте изневериле. Лошите вклучуваат дека се надевате таа да прекине со вас поради тоа или едноставно да ја исчистите сопствената совест. Добра причина е да признаете неверство ако се плашите дека тоа може да се разбере од некој друг.
Ударот би бил мек ако внимателно го изберете моментот. Избегнувајте јавни места, времето после секс, како и моменти во кои партнерката е возбудена поради други причини. Од друга страна - не се двоумете премногу. Колку повеќе време поминува меѓу неверството и признанието, толку потешко ќе биде да докажете дека навистина жалите.
Размислете против каква личност се соочувате. Избувлива ли е Вашата партнерка?
Мислите ли дека потоа ќе ја собирате облеката од улица? Ќе има ли врискање и извици? Или тивко страдање и многу солзи? Проценете што можете да очекувате и направете си план.
Не се подлажувајте со митови дека изневерувањето ќе биде примено полесно ако ја однесете во прекрасен ресторан или и купите прекрасен подарок. Напротив, може да ја свртите уште повеќе против себе. Подобро е само да го кажете тоа. И да се зачуваат милите работи за потоа.
Започнете со тоа што ја сакате. Потоа откријте и дека сте направиле грешка, која ве раскинува и која никогаш, никогаш нема да ја повторите. Не впуштајте се во детали, дури и таа да го побара тоа. Во никој случај не кажувајте детали за сексот.
Задолжително ставете акцент на тоа дека немало никакви чувства, а сето било само секс, една задоволна ерекција, моментална слабост и потпаѓање на животинскиот нагон. Кажете и дека сте свесни за болката која ја предизвикувате. Покажете колку се каете. Убедете ја дека тоа никогаш нема да се повтори и направете си план за тоа како повторно да ја добиете нејзината доверба.
Не барајте од неа веднаш да донесе одлука за иднината. Таа ќе има потреба од време да ги апсорбира најновите информации. И да ја прифати болката. За да ви прости ќе потрае. Можете да очекувате да Ви возврати со гнев некое време. Прифатете дека ќе биде потребно да вложите посебна грижа во Вашата врска. Покажете дека настојувате да ја поправите грешката и сте целосно посветени на Вашата врска.
доктор на медицина
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се караме „паметно“? Конструктивен конфликт
Конфликтот е неизбежен дел од секоја врска. Дури и најсреќните партнер...
Бојата на столицата кај бебето
Столицата кај бебињата е еден од најсигурните показатели за тоа како ф...
Како да го научите детето што е добро, а што лошо?
Како родители, имате моќ да ја обликувате иднината на вашето дете, не ...
Кога бебињата учат да плескаат со рацете?
Развојот на бебето е исполнет со мали, но значајни чекори кои ги вооду...
Зошто хемоглобинот е важен за бебиња и деца?
Хемоглобинот е протеин во црвените крвни клетки кој ја носи кислородна...
Филмови за возрасни.
пеперутка16
Дали сакате да гледате „филмови за возрасни“?