|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Витаминска бомба за јакнење на имунитетот!

Редакција Рингераја, 19.8.2013
Јак имунитет – тоа е отпорност на организмот на различни болести, а со самото тоа и добро здравје. Иако во нашите аптеки секојдневно има се повеќе препарати за јакнење на имунитетот, народните лекови не ја губат својата популарност

image
/11


 

 

Тоа е и разбирливо, бидејќи ниту еден синтетички препарат од аптека не може да ги замени природните производи, кои се лесно достапни и многу ефикасни во лечењето на разни болести.

Денес Ви предлагаме витаминска бомба – одлично средство за јакнење на имунитетот на децата и целото семејство.

 

Потребно:

- 100 гр. суво грозје

- 150 гр. ореви

- 100 гр. бадеми

- кора од 2 лимони

- 100 гр. суви кајсии

- 100 гр. суви сливи

- 250-300 гр. мед

 

Измелете ги на машина за мелење месо сувото грозје, оревите, бадемите и кората од лимон. Во смесата додадете сок од два лимони. Промешајте. Додадете  ги сувите сливи и сувите кајсии. На крај додадете го медот.  Оставете да стои на темно место 1-2 дена.

За деца постари од 3 години – по 1 лажичка два пати на ден

За возрасни: 1-2 лажички три пати на ден.

Теглата со витамини чувајте ја во фрижидер.

 

Рецепт за јакнење на имунитетот за возрасни:

Потребно:

- 200 гр. суви кајсии

- 200 гр. суви сливи

- 200 гр. суви смокви

- 200 гр. ореви

- 1 лимон

- 50 мл. ракија

- 250 гр. мед

 

Измелете го сувото овошје и кората од лимон на машина за мелење месо. Во смесата додадете мед и ракија и промешајте. Ставете ја теглата во фрижидер. Земајте по 1 супена лажица пред оброк.

Добро здравје!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4
Видео: Страв од Ковид-19 кај децата. Решение?
Д-р Марија Ралева има неколку совети за тоа како подобро децата да ги разберат и да се справат со емоциите
4
Како правилно да ги миеме забите?
Хигиената на устата е од огромно значење во профилактиката на забите и непцата. Најчест начин за отстранување на наслаги...
4
Децата не треба да преспиваат по навршена ...
Ако вашето дете не сака да спие во текот на денот, не мора да го присилите да го стори тоа
3




Анкета

Циста.
пеперутка16

Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?