Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: Teoecar
Датум на породување: 28.01.2010година
Тип на породување: природно
Болница: Градска болница во Прилеп
Ех кога сега ќе се присетам на тој ден, како да не поминало една и пол година.
Се започна со доцнење на месечниот циклус и тоа по само 2 дена јас знаев дека сум бремена и без тест, бидејќи имав силно претчувство.И да, како што претпоставив, тестот на 2 пати покажа две цртички и од тогаш почна мојата слатка мака.
Бременоста во првите 4 месеци ми беше многу тешка со повраќање и постојано лежење, кое подоцна се покажа како непотребно, бидејќи како што сите знаеме, прилепските матични доктори се катастрофа! Па така мојата бременост беше проценета како ризична и требаше да лежам постојано. При целосна исцрпувачка состојба, се решив да престанам да лежам, го сменив гинекологот и до крајот на бременоста поминав одлично, без никакви проблеми. Веднаш почнавме со купување на алишта и работи потребни за нашето миличко. Бебето си се развиваше супер, а мојот стомак се претвори во огромна ,,планета‘‘. Датумот што ми беше одреден за породување, 26.01 го поминав и во таа последна недела секојдневно одев на ЦТГ.
Вечерта на 27 јануари бевме со маж ми на роденден кај нашиот девер, па седенката се префрли во нашиот дом. Немав ни најмало претчувство за породување, мислев дека имам уште време. Кога гостите заминаа, веќе 1 часот по полноќ, се спремивме за спиење па гледајќи саут парк сум заспала, кога наеднаш се појавија некакви ситни болки во долниот дел од стомакот. Гледам само дека часот е 01:50. Најпрво мислев дека се лажни болки, а маж ми ме убедуваше дека не се. Се вратив на спиење, но по 6 минути некаква течност ме преплави се до колената. Знаев дека ми пукнал водењакот и не се плашев, баш напротив, бевме ПРЕСРЕЌНИ, бидејќи конечно дојде моментот да си го видиме бебулето.
Сосема смирено се спремивме, јас целосно се средив за породување и престој ва болница, па веќе накај 03:45 бевме на болница. Болки имав на секои 6 минути многу слаби, па успеав и да спијам до 8 часот утрото, кога требаше да дојде докторката што ќе ме породува. Откако ме прегледа, забележа дека сум 2 прсти отворена, со многу слаби болки, па се договоривме ако оди бавно процесот да ми дадат инекции за напон и систем. Откако ми ставија клизма, требаше да шетам колку можам повеќе, а јас без проблем се расшетував низ ходникот и собата, до 13 часот на 28 јануари. Ми беше многу студено, иако во собата беше топло и најинтересно од се ми беше што чувствував таков глад како никогаш до сега. Во 14 часот примав систем и почнав поинтензивно да се отворам, што значеше големи болки кои ги контролирав колку-толку со правилно дишење. Тој еден час додека го примав системот ми беше најдолгиот час воопшто. После инјекциите за напон времето поминуваше побрзо и веќе во 17 часот бев 7 прсти отворена. Се' се одвиваше многу смирено, имав силни болки но сега веќе не можев да ги контролирам. Откако се качив на бокс, со неколку силни туркања и добра екипа за породување, во 18:45 часот на свет излезе мојот прекрасен ТЕОДОР(Божји дар). Тежок 3 900гр и долг 52 см, плачлив, бел, со црно косиче, прекрасен! Го однесоа по кусо време и јас веќе тогаш едвај ја чекав нашата следна средба. Заради големата килажа на бебето бев правена сосема малку епизиотомија, а шиењето беше изведено многу професионално, па и тие 2 конци не ги ни почувствував. Уште вечерта ми го донесоа да ги видам тие прекрасни обравчиња. Престојот во болница ни беше супер, со многу гушкање и од тато и од мама, па така на нашата радост и немаше крај. Сега нашиот Теодор е 16 месеци и е прекрасно дете во секоја смисла на зборот.
ИМА САМО ЕДНО НАЈУБАВО ДЕТЕ ВО ЦЕЛ СВЕТ И СЕКОЈА МАЈКА ГО ИМА!
Рингераја му посакува среќно детство на Теодор !
Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Најдобар секс за забременување
За да се забремени мора да се поклопат повеќе работи, но во секој случ...
Повеќето жени по породувањето очекуваат дека стомакот ќе им се врати в...
Изградете врска со бебето во стомакот
Онаа посебна врска меѓу мајката и бебето, за која сите знаеме дека не ...
Дали амниоцентезата ќе му наштети на плодот?
Амниоцентеза претставува дијагностичка метода која дава важни информац...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Пушењето за време на бременоста.
пеперутка16
Би сакал да ги знам искуствата на ПУШАЧИТЕ во врска со оваа тема, дали сеуште пушат, бидејќи знам дека непушачите реагираат многу остро и не ја разбираат желбата за таа празна пура.