Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
По сериозните компликации, очекувајќи го осмото дете, Jill Hawkins одлучи да престане да биде сурогат мајка.
Но, нејзината зависност од бременост се покажа премногу силна , па така Hawkins е подготвена да роди близнаци и тоа токму пред својот 48-ми роденден. Тие ќе бидат нејзиното деветто и десетто сурогат бебе и не планира да застане тука.
Игнорирајќи ги потенцијалните ризици по здравјето и животот, таа е решена да реализира уште две бремености до нејзиниот 50-ти роденден.
За време на последната бременост во 2010 година, Jill, која е сингл и нема свои деца, скоро цела година ја помина вo кревет, со огромни мачнини и главоболки.
По породувањето со прекрасно момченце, таа и вети на својата загрижена фамилија дека ќе ја престане кариерата како сурогат мајка.
Во својот двособен стан во Brighton, каде живее со две мачки, таа проговори за сето тоа и изјави: “Моите родители многу се загрижија за време на претходната бременост, бидејќи беше многу опасна по мојот живот. Но заборавив на сиот тој ужас и одлучив да го сторам тоа повторно, бидејќи кога сум бремена сум нај исполнета. По природа сум дарежлива личност и можноста да подарам бебе ме прави пресреќна”
“Кога дознав дека сум бремена со близнаците, бев во екстаза. Се почувствував како прв пат да сум бремена.”
Првите седум бебиња на Jill, беа зачнати со нејзините сопствени јајце клетки и спермата на татковците преку вештачко оплодување. Таа веќе не е способна да забремени природно и користи IVF.
Jill e 14 недели бремена со близнаците од замрзнати ембриони од 42-годишен учител и неговата 40-годишна сопруга.
Двојката има деветгодишна ќерка која е родена природно, но не можеле повторно да имаат деца бидејќи телото на жената ги отфрлало сите ембриони кои биде зачнати.
Hawkins открива дека ја одбрала двојката бидејќи биле атрактивни и сопругот личел на Кевин Костнер. Таа беше во болница во 13-та недела, кога е утврдено дека ембрионите се здрави.
Jill веќе ги чувствува истите симптоми како кај претходната бременост. “Се уморувам пребрзо”- вели. “Морам да извршувам се' во најбрз можен рок, а главоболките овој пат почнаа во седмата недела и се постојани.”Jill ќе го дознае полот на близнаците во Април.
Интересно е тоа што кога прв пат била бремена, го лажела шефот на работа дека има дечко, а откога го родила бебето, на работа кажала дека тоа умрело, по што нејзините колеги и испраќале цвеќиња и картички.
Година дена по третото породување како сурогат мајка, на Hawkins и била дијагностицирана депресија. Во најмизерниот период од нејзиниот живот, во 2004 година, таа се обидела да се самоубие со предозирање со антидепресиви. Причината за тоа вели дека се настаните од нејзиното лошо детство и постојаната битка со килограмите.
Hawkins, која е платена со околу 12.000 фунти за секоја бременост, вели дека никогаш не била заљубена. По седмата сурогат бременост, таа планирала да пронајде партнер преку агенција за состанување, но сепак решила наместо тоа да остане сурогат мајка. Таа додаде: “Не одлучив да бидам сурогат мајка туку така. Долго размислував за тоа. Никогаш не сакав да ги задржам бебињата. Не сум материјална или себична и нема многу жени кои би можеле да го сторат тоа. Породувањето е преемоционално, како да вриштиш од волја да го гушнеш бебето. Премногу е тешко да го дадеш и покрај фактот дека не е твое. Луѓето мислат дека сум луда, но моите пријатели не се изненадуваат повеќе.”
Jill Hawkins е најплодната сурогат мајка во Велика Британија. Carole Horlock, од Stevenage во Hertfordshire, која роди дури 12 сурогат бебиња, се пресели во Франција пред четири години.
забава Бремените
Автор: bobik
7 причини зошто се дебелееме нагло
Чувствувате дека бројките на вагата одат нагоре иако не сте промениле ...
Што кога ќе дојде до неверство во бракот?
Неверството е една од најдлабоките повреди што може да му се случат на...
Менструација во бременост. Дали е можно и нормално?
Една од најчестите заблуди поврзани со бременоста е верувањето дека е ...
Во светот на пелени, ноќни будења и претпородилни возбудувања, грижата...
Во светот каде родителите сe почесто сакаат да го заштитат своето дете...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?