Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: Srcuska4
Датум на породување: 1 Април 2009 година
Тип на породување: природно
Болница: Градска болница Кичево
Се омажив и по четири месеци дознав дека сум бремена. Во осмата недела бев на гинeколог и се беше во ред. Терминот за породување ми беше на 15 Април 2009 година. Се беше супер се додека една вечер не прокрварив. И се јавив на докторката, а таа ми рече да одам на гинекологија во Градската Болница во Кичево. Таму имаше дежурен доктор ме прегледа ми рече нема од што да се плашиш ништо нема, но треба да примиш прогестерон инекција и следниот ден да одам кај матичниот гинеколог да видиме што понатаму. Следниот ден отидов кај матичната која ми кажа дека треба еднаш неделно да примам прогестерон инекција и дабростон таблетки секој ден и постојано да мирувам. Така со терапија и лежење уште еднаш прокрварив во шестиот месец. Тогаш ме задржа во болница и примав инфузии и инекции. По 3 дена ме пуштија дома и лежев додека конечно не влегов во деветиот месец, кога добив дозвола да се движам. Конечно и на 1 Април утрото сите беа на работа јас дома сама и си го галам стомачето и чувствувам многу тврд е не можам ни да се наведнам. Веднаш се јавив на гинекологот и ми рече дека биле контракции и морам да одам на ЦТГ. Заедно со маж ми отидовме во болница. Ме ставија на ЦТГ, по 10 мин влегов кај докторката да ги види резултатите таа ми дава упат и ми вика со лесно да поминеш. Јас бев многу збунета бидејќи немав болки! Со маж ми двајцата збунети отидовме на одделение. Таму ми ставија инфузија, ми го пукнаа водењакот и почнаа контракците. Секоја следна контракција беше подолга и поболна. Сестрите и докторот беа многу фини ми покажуваа вежби за побрзо и понеболно да се отворам и по два часа болки ме однесоа на бокс. За 15 мин го слушнав првиот плач на мојата принцеза, заплакав од среќа не можам да го опишам тоа волшебно чувство. Се роди 48 сантименти долга и тешка 2950 грама. По 3 дена во болница си дојдовме дома со новиот член во семејството и сите бевме многу среќни што се се заврши добро.
Мојата принцеза сега има 4 год и 7 месеци и е многу темпераментно и весело детенце кое заедно со помалото братче се радоста наша.
Рингераја им посакува среќно детство на дечињата на Srcuska4!
Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Овошје, зеленчук или ориз со млеко?
пеперутка16
Како почнавте да воведувате цврста храна и дали сте задоволни од тој режим и реакцијата на вашето дете? Прво го претставивме: