Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Мит бр. 1: Треба да имате секс на 14. ден од циклусот
Веројатно сте слушнале дека повеќето жени овулираат на 14. ден од циклусот. Тоа не е вистина. Оваа теорија се заснова на календарскиот метод на одредување на овулацијата. Ако имате совршен циклус кој трае 28 дена, каде лутеалната фаза трае точно 14 денови, најверојатно овулирате околу 14 ден. Меѓутоа повеќето жени немаат совршен циклус, па дури и жените кои имаат не овулираат во точно време секој месец.
Мит бр. 2: Треба да имате секс 24-72 часа по овулација
Постои извесна забуна околу тоа кога треба да имате сексуален однос ако се обидувате да забремените. Да, вистина е дека времето на сексуалниот однос треба да се темпира да биде блиску на овулацијата. Овде многу парови згрешаваат бидејќи имаат секс само тогаш кога мислат дека жената овулира или имаат секс после овулација. Постојат два проблеми во врска со оваа стратегија. Првиот е што јајце клетката живее уште 12-24 часа по овулација (не 72). Вториот е што сперматозоидите можат да живеат до 5 дена, така што е важно да имате секс пред, а не после овулација. Идеално би било да имате секс пред 1-2 дена или за време на овулација.
Мит бр. 3: Најплодни сте на денот кога базалната температура ќе ви порасне во однос на останатите денови
Следењето на базалната температура е одличен начин за да утврдите овулација, но не е најдобар начин за предвидување на овулација. Во времето кога ќе забележите пораст на температурата, тоа значи дека веќе сте овулирале.
Мит бр. 4: Неплодноста не е излечива и е прескапа за лечење
Многу парови погрешно веруваат дека се неплодни. Ако не сте забремениле после една година обидување, би требало да побарате совет од лекар. Ако имате нередовен менструален циклус, или ако забележте дека не овулирате, треба да консултирате лекар. Иако некои методи за лечење на неплодност се скапи, повеќето од нив не се, а дел од нив ги покрива Фондот за здравствено осигурување.
Мит бр. 5: Треба да имате секс колку можете повеќе на денот кога овулирате
Од тоа нема да имате никаква штета, но можеби нема да забремените. Во секој циклус имате околу 20-30% шанси да забремените. Една од најголемите грешки на паровите е што се обидуваат да го сместат водењето љубов за цел месец во еден ден, кога мислат дека се случува овулацијата. Но кај некои жени тоа е тешко да се предвиди и затоа е најдобро да имате редовен секс, 3-4 пати неделно.
Мит бр. 6: Генерално, жените имаат проблем со неплодност. Кај мажите ретко се случува тоа
Од некоја причина, жените се склони да мислат дека само мажите кои користат наркотици и алкохол, имаат проблем со плодноста. Тоа не е вистина. Неплодноста е проблем кој ги погодува подеднакво и мажите и жените.
забава Бремените
Автор: bobik
Првите 40 дена со бебето: Разбивање на илузијата
Во македонската култура, па и пошироко, често ќе слушнете за „првите 4...
Перинаталната депресија е состојба која многу често се појавува кај же...
Крварењето од нос, познато и како епистаксис е честа состојба кај деца...
Вежби за дишење во бременост и на породување
Дишењето е нешто што сите го правиме автоматски, без да размислуваме. ...
Колку треба да јаде вашето мало дете?
Исхраната на малото дете е една од најважните грижи на родителите. Кол...
Филмови за возрасни.
пеперутка16
Дали сакате да гледате „филмови за возрасни“?