|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Сестрата купи “чудо” и го спаси животот на братот

Редакција Рингераја, 9.10.2013
Една вечер таткото и рекол на расплаканата мајка: ‘’Вака не може повеќе драга. Мислам дека дојдовме до крајот, нашиот син може да го спаси само чудо.’’ Девојчето слушаше се', сокриено во аголот на собата...
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Девојчето истрча во својата соба, ја скрши касичката и со трчање отиде до аптеката без никој да ја забележи. Трпеливо чекаше, а кога дојде на ред, се поткрена на прсти и пред аптекарот ги стави ситните пари.

- Што сакаш душичке?

- Тоа е за мојот брат господине, многу е болен. Дојдов да купам чудо.

- Не те разбрав најдобро, рече аптекарот.

- Брат ми се вика Андрија. Има нешто што му расте на главата. Тато вели дека е готово, дека само чудо може да го спаси. Јас многу го сакам својот брат и затоа дојдов со своите пари да купам чудо.

- Аптекарот се натажи и одговори – Но ние не продаваме чуда.

- Ако нема доволно пари можам уште да соберам. Колку чини едно чудо?

Во аптеката стоеше висок човек со сериозно лице кој со интерес го следеше разговорот. Додека аптекарот немоќно ги ширеше рацете, девојчето низ солзи ги собираше парите. Високиот човек ја праша:

- Зошто плачеш малечка, што се случило?

- Господинот аптекар не сака да ми продаде чудо и не ми кажува колку чини. Тоа е за брат ми Андрија, многу е болен. Мама вели дека мора на операција, а тато вели дека не можеме да платиме и дека само чудо може да го спаси. Затоа донесов се што имам.

- Колку имаш?

- Долар и еднаесет центи...Но знаете, можам да соберам уште...

Човекот се насмевна.

- Мислам дека нема да треба. Чудото за твојот брат чини толку, долат и единаесет центи. Со едната рака ги зеде парите, а со другата го фати девојчето за рака.

- Однеси ме дома. Сакам да разговарам со твоите мама и тато и сакам да го видам брат ти. Можеби ќе успееме да пронајдеме чудо за твојот брат.

Отмениот висок господин и девојчето излегоа од аптеката држејќи се за рака. Тој човек беше професорот Carlton Amstrong, еден од најпознатите светски хирурзи. Го оперираше малиот Андрија, кој за неколку недели потполно се опорави.

- Оваа операција е вистинско чудо, рече мајката. Се прашувам само колку чинеше.

Девојчето се насмеа не велејќи ништо, знаеше дека чудото чинеше долар и единаесет центи. Секако, љубовта и вербата на сестрата на Андрија немаат цена.

 

Bruno Ferrero

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Никој никогаш не ми кажа како е да имаш ќе...
Ако некогаш сте се запрашале што се случува во срцата и умовите на татковците, кога ќе добијат ќерка, сметајте дека оваа...
3
Писмо: Дали моето тело ви е толку одвратно?!
Фотографија која го заобиколи светот! Таниз Џекс Блејк само сакаше да се опушти и одвај собра храброст да појде на плажа...
3
Планови и програми во детските градинки
Плановите и програмите за дејноста згрижување и воспитание на деца содржат особено: назив на програмата, вид и траење, о...
3
Четко ве кани на нова дружба во Capitol Mall
На 6 април од 12 часот Четко ве кани на нова дружба во Capitol Mall, како дел од кампањата „Патот до здрави заби“ која г...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali site vakcini gi prima redovno vaset_o dete?

Da (83%)

Ne (17%)

Od opravdani pricini nekogas docnime (0%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!