Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
03.07.2015. Скопје. Утре, сабота (04.07) со почеток во 19 часот во Градскиот парк во Скопје, ќе се одржи последната активност од кампањата „Патот до здрави заби“ каде дечињата, за кого беше наменета оваа кампања, ќе ги покажат резултатите од редовната нега на запчињата и ќе го одбележат крајот на кампањата.
На специјално дизајнирана картолина, дечињата ќе имаат можност да се фотографираат, да ги покажат своите блескаво бели и здрави насмевки заедно со Четко, главниот јунак на кампањата и да направат селфи.
Во времетраење од три месеци, преку пет едукативно-забавни игри, на повеќе различни локации во Скопје се одвиваше кампањата „Патот до здрави заби“ под слоганот „Секој ден четкај и со здрави заби светкај“. За да го поминат патот до здравите заби, заедно со Четко, дечињата играа игри кои им помогнаа да научат зошто е важно да ги мијат запчињата редовно и правилно.
Кампањата имаше цел да ги научи децата на една исклучително здрава навика, значајна за целокупното здравје на организмот, почнувајќи од здрава исхрана, преку начинот на одржување на хигиената на запчињата с? до тоа како да се зачуваат запчињата здрави, бели и цели!
Во кампањата учествуваа околу 600 дечиња, кои се натпреваруваа и беа дел од сите 5 игри и на некој начин ја поминаа едукацијата од 5 чекори за тоа како редовно и правилно да се води грижа за здравјето на забите и устата. Уште 200 дечиња беа присутни на настаните и се дружеа со главниот лик – маскотата Четко, а околу 440 родители ги прифатијае едукативните содржини и информации во врска со градењето здрави навики кај нивните деца.
Кампањата се одвиваше на неколку различни локации во Скопје: Аеродром, Автокоманда, Центар, Матка.
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Рутина за спиење според возраста на детето
Добрата рутина за спиење е клучна за здрав развој, расположение и одне...
Подготовка за зачнување, водич за проценка на плодноста
Планирањето бременост е важен чекор, а проценката на плодноста однапре...
Хистероскопија и лапароскопија: кога и зошто се прават?
Современата гинекологија нуди сe попрецизни и помалку инвазивни методи...
Како да препознаете знаци на предвремено породување?
Предвременото породување може да започне суптилно, со симптоми кои лес...
Зошто генетското советување е важно за некои парови?
Планирањето семејство не е само емоционална одлука, туку и важен чекор...