Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Всушност, се работи за креативна и едукативна работилница во која главната улога ја има токму препознатливото Битолско Чупе, а во Куманово денес се одржа во клонот на градинката „Славејче“ во присуство на голем број дечиња и родители, кои низ игра, песна и интересна детска програма учеа за важноста од зачувување на животната средина и стекнување здрави навики уште од најрана возраст.
„Со денешната работилница во градинката ‘Ангел Шајче’ во Куманово, всушност и се доближуваме кон крајот на првата година од големиот проект ‘Собираме и ре-креираме со Бимилк’ и навистина н? радува фактот што децата ширум Македонија одлично ја прифаќаат оваа наша иницијатива и изработуваат навистина креативни предмети. Бимилк како компанија искрено се заложува за зачувување на природата, но и едукација на децата за вистинските вредности, па оттука произлегува и нашата мисија овој проект да продолжи да живее и во наредните години, со цел да допре до колку што е можно поголем број деца“, изјави Дарко Апостолов од маркетинг секторот на Бимилк.
Инаку, во претходниот период, децатаод околу 60-тина градинки од 8 градови од државава беа поттикнати дасобираат празни амбалажи од Битолско млеко и од нив понатаму да изработуваат разни корисни предмети, кои на 23 декември ќе бидат изложени на голем предновогодишен хуманитарен базарво Веро Центарот во Скопје, на кој собраните средства ќе бидат донирани за СОС Детско село Македонија.
Токму поттикнување на хуманоста и солидарноста кон оние дечиња што имаат помалку се и крајната цел на проектот, бидејќи низ овие приредби со Битолското Чупе, децата учат не само за рециклирањето и грижа за природата, туку и како да си помагаат едни со други.
Во првата година од својата реализација, проектот „Собираме и ре-креираме со Бимилк“се спроведува во Охрид, Битола, Скопје, Кавадарци, Пробиштип, Гевгелија, Куманово и Тетово, а веќе од наредната година ќе ги опфаќа и останатите градови низ Македонија.



3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто диетите не функционираат долгорочно?
Многу луѓе се обидуваат со различни диети за да изгубат тежина, но гол...
Препорачани вежби во вода за трудници
Вежбањето во вода е одличен избор за време на бременоста. ...
Дали е можна бременост по вазектомија?
Многу парови се прашуваат дали бременост е можно по процедурата познат...
Еднодневно мени за трудници богато со магнезиум
За време на бременоста, правилната исхрана е особено важна. ...
Први протеински намирници во дохраната: како и кога?
Воведувањето на протеините во исхраната на бебето е важен чекор во нег...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?