|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Прва самостојна изложба на двегодишната Нина

Редакција Рингераја, 9.4.2011
Рубриката млади таленти ја отпочнуваме со нашата Нина која ни приреди прекрасна изложба за вториот роденден на Рингераја. БРАВО НИНА!

image
/91


Редакција Рингераја: 

Сите ние, членовите на Рингераја, ја познаваме Нина како девојче со најубави очиња на светот. Кажете ни нешто повеќе за неа.

 

Родителите на Нина:

Нашата мала Нина е едно многу радознало девојченце, кое во исто време знае да биде мамина и татина маза, но и мало ѕверче. Сака да истражува, да се радува на тоа што сама ќе го открие и да се воодушевува на истото и по цели денови да зборува за нејзиното откритие. Многу е упорна, и кога таа нешто ќе намисли дека може нешто сама да направи, по секоја цена се труди да дојде до тоа без наша помош. И инаетот нејзин игра голема улога тука.

 

Редакција Рингераја:

На последното дружење на Рингераја бевме сведоци на првата самостојна изложба на слики од Вашата ќерка. Кога откривте дека Нина сака да слика?

 

Родителите на Нина:

Кога Нина имаше 6 месеци, Ненад сликаше дома и таа му ја грабна четката од раце и почна да мафта со неа. Беше пресреќна. И дозволи да повлече и таа некоја линија на неговата нова слика и навистина од сликата излезе ремек дело – татко и ќерка. После тоа почна постепено да бара боички низ дома, да 'позајмува' од татко и, па почнавме да и купуваме блокчиња, а таа беше пресреќна на секоја нејзина слика. Не сме ја виделе за нешто друго повеќе да се радува, колку што им се радува на боичките и листовите. Дури и дадовме еден ѕид во нашиот стан, кој сега си е нејзино уметничко катче и е преубав. Може цел ден да го помине до ѕидот, со боичките, да си црта и да си се радува. Па кога и снема место на долниот дел од ѕидот почна да не тера да ја држиме во раце за да може на горниот дел да црта.

 

 

Редакција Рингераја:

Нина ќе порасне во уметничко семејство. Дали мислите дека тоа ќе влијае за уште повеќе да се развие нејзиниот талент?

 

Родителите на Нина:

Сигурно ќе влијае. Таа уште од бебе го гледа својот татко како слика и се радува на секоја негова нова слика, па мислам дека понесена од тоа и таа почна да црта по дома. Дури и првото место на кое ја однесовме како бебе ( на 40 дена ) беше уметничка галерија. Ние во секој случај нема да влијаеме на нејзината одлука дали таа ќе сака да биде сликарка или не и дали ќе сака да се занимава со уметност дали било професионално или аматерски.

 

 

Редакција Рингераја:

Дали некој и помага во изборот и мешањето на боите? Дали Нина знае да Ви објасни што насликала?

 

Родителите на Нина:

Мешањето бои и што ќе се црта – тоа е тотално нејзина одлука. Најмногу од се сака да црта балони, големи, мали, шарени. И беше тешко некое време да нацрта балон и тогаш не тераше нас да и цртаме па таа да го бои. Еден ден успеа и скокаше од среќа. Кој како дојдеше кај нас му покажуваше што нацртала, испушташе толку убави крици на среќа, рипаше, скокаше, играше и тоа само поради еден нацртан балон.

Сега тоа што таа го црта е како за нејзина возраст и тоа се некој линиички во разни бои, кругови..со еден збор многу шкртки. Ама тие шкртки, што на нас ни се смешни, Нина точно си знае што значат. Таа точно си знае што си нацртала и ни објаснува на нас. Неколку дена пред Рингераината дружба и кажавме дека ќе им ги покажеме нејзините слики на другите дечиња и таа целата возбудена почна да вади нови листови од блкочето и почна да црта. Ја посматрав дека користи само темни бои, и ми падна чудно. Ја прашав што црта и таа ми вика: лошиот волк, мамо.  Искрено се изначудив како може едно толку малечко дете да ми објасни за што размислува, па и што нацртало.

 

 

Редакција Рингераја:

Како би и помогнале на Нина да ја усоврши сликарската техника од мали нозе?

 

Родителите на Нина:

Секако дека би и помогнале, во случај ако таа продолжи да се интересира за уметност. Нема да ја форсираме да тргне по стапките на родителите, само затоа што еден од нив е сликар. Од друга страна пак целиот арсенал на бои и четки од татко и и стојат на располагање. Ако понатаму во животот нешто ја влече кон уметноста ние секогаш ќе ја поддржиме и ќе се обидеме да и обезбедиме адекватно образование, дали било тоа во уметничко училиште или домашно подучување. Дома таа има слобода да експериментира и да истражува. Секогаш има боички, листови, пластелини кои чекаат на неа.

 

Уметноста е игра. Ако таткото си игра зошто тоа да не го прави и ќерката.

 

 

Редакција Рингераја:

Дали мислите дека сте родиле талентирано дете?

 

Родителите на Нина: 

Секое дете е талентирано, само тоа низ живoтот ги развива своите вештини и способности, а ние како родители треба да ги поддржиме желбите на детето.

Не знам дали би можеле да речеме дека Нина е талентирана, но во секој случај таа е снаодлива и многу брзо ги сфаќа работите околу неа. Сега за сега оваа игра за неа е интересна и ќе ја играме додека таа сака. А секако дека Рингераја прва ќе дознае за сите нејзини успеси. Ние само сакаме нашата Нина да е среќна.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детска Новогодишна работилница
Детската еуфорија за Нова Година е огромна, а нивната желба за учествуваат во подготовките за празникот – незапирлива. И...
5
Совршена лазања торта
Лазања тортата е нешто што ќе го обожавате оваа зима!
5
Јазикот зборува за здравјето
Дали имате навика додека ги миете забите во огледалото да го погледнете јазикот? Тоа е многу едноставен, но и корисен на...
4
Тетка – засолниште за детската душа!
Кој немал тетка, немал среќа да поседува неизмерно богатство собрано во една личност. Тетката е секогаш извонредна жена,...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?