|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Прашања за трошоците

Cryo Save, Bi-MEK, 4.5.2010
Одговори за Ваша поголема сигурност: Колку повеќе читате за матичните клетки, толку повеќе прашања може да имате. Следат одговори на најчесто поставуваните прашања за трошоците што ги добиваме.

image
/11


Дали трошоците за тестирање се плаќаат дополнително?

 

Тестовите за ХИВ, ЦМВ, Луес (Сифилис), Хепатит Б и Ц се вклучени во цената.

 

Која е цената на услугите?

 

Иницијален депозит од 150 евра за апликација (надомест за претплата) се уплатува пред раѓањето на детето. По приемот на потпишан договор CRYO-SAVE ќе ви достави сет за колекција.

Откако ќе биде примена Вашата нарачка, ќе Ви биде побаран иницијален депозит од 150 € . Ако одлучите да не го исполните договорот за зашувување на матичните клетки, оваа сума е се што треба да платите. Ако го вратите сетот за колекција неотворен, оваа сума ќе Ви биде вратена во целост.

Износот за надомест на услуга зависи од услугата која ја имате одберено:

КриоКорд - откако успешно ќе бидат зачувани матичните клетки од крвта на папочната врвца , ќе Ви биде доставена фактура со износ од 1600 евра.

КриоКорд+ - откако успешно ќе бидат зачувани клетки од крвта и од ткивото на папочната врвца, ќе Ви биде доставена фактура со износ од 2050 евра.

Целиот надомест вклучува административни трошоци, сет за колекција, транспорт, обработка, тестирање, криопрезервација и чување за време на иницијалниот период на чување

Во случај на близначка бременост, Ви се дозволува попуст од 50% за зачувување на матичните клетки од другото дете.

По изминување на првите 20 год., договорот за чување може да се продолжи за наредните 20 год. Но тука не завршуваат можностите за криопрезервација. Во моментот најдолгиот период на чување на матични клетки е околу 28 години. Теоретски  матичните клетки, еднаш замрзнати, би можеле да се чуваат неограничено долго време т.е. се додека не Ви притребаат. Но, Cryo-Save се потпира на проверени докази за одредување на условите за чување и нетрпеливо го чека моментот, кога научните истражувања ќе ја докажат сигурноста  и ќе го стандардизираат долгорочното чување на матични клетки. Затоа Cryo-Save не предвидува временско ограничување на чувањето на матичните клетки.

Не постојат дополнителни трошоци за враќање на матичните клетки на барање на семејството т.е. лекарот кој би го вршел третманот, било каде на територијата на Европа.

 

Што треба да платам по 20 години?

 

Продолженото чување по 20 години ќе биде сметано по пазарната цена валидна во тоа време. Ние можеме да дадеме само груба проценка на очекуваната цена за продолжувањето. Од денешно гледиште ние сметаме дека годишната цена би се движела околу 40 Евра. Давањето на точна цена за продолжување на чувањето по 20 години е невозможно со оглед на тоа дека истото зависи од повеќе фактори како нови регулативи, техники за чување, инфлација и/или цена на материјалите, персонал, постојки, потребната опрема и др. За сите дополнителни прашања посетете ја веб страната на Cryo-Save www.cryo-save.com

 

Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете.

Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:  

  1. CryoCord: чување на матични клетки само од крвта на папочната врвца
  2. CryoCord+: чување на матични клетки од крвта и од ѕидот на папочната врвца

Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса.

Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Молитва за трудници
...Твојата мудрост е безгранична. Оној, кој Ти го љубиш, Ти неповреден ќе го сочуваш преку твојот ангел од секакви напад...
4
Малку крв, голема промена?
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат или не се сигурни дали се веќе бремени е појавата на...
3
Безбедна и спокојна летна бременост
Летото и бременоста се прекрасна комбинација, долгите денови, свежи овошја и прошетки под сино небо носат радост и енерг...
3
Млеко и бременост: Што да избереш, а што д...
За време на бременоста, исхраната игра клучна улога во здравјето на мајката и правилниот развој на бебето. Една од највр...
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?